Што му се случува на телото кога патуваме со авион?

Кога сме во авион, на телото му се случуваат разни промени, па доколку ве чека некое такво патување задолжително прочитајте на што сè треба да бидете подготвени:

1) Рецепторите за вкус се здрвуваат



Третина од рецепторите за вкус се здрвуваат на височина од 9km, а способноста да чувствуваме слатко или солено се намалува за 30%.

2) Телото дехидрира

Благодарение на ниската влажност во авионите, особено на долгите летови телото губи значителна количина на вода, што доведува до дехидрација и подуеност, запек и сериозни главоболки.

3) Се зголемува ризикот од згрутчување на крвта

Кога сте неподвижни долг период, особено во авион, ризикот за развивање на згрутчување на крвта во вените на нозете се зголемува. Симптомите вклучуваат отоци, болки, и зацрвенета кожа која е топла на допир.

4) Сушење на кожата

Кожата најдобро се чувствува на влажност помеѓу 49 и 70%, а во авионот таа изнесува 20% - што резултира со сува кожа. Затоа, дерматолозите предлагаат користење на продукти со хиалуронична киселина за навлажнување на кожата.

5) Зголемена шанса од разболување



Во авионот нема каде да им се побегне на бактериите, што значи дека доколку некој од патниците е болен, шансите и вие да ја префатите болеста се 80%.

6) Нивото на радијација се зголемува

Но, недоволно за да предизвика било каква штета. Според CDC (центарот за контрола и превенција на болести) при лет од Њујорк до Лос Анџелес, телото е експонирано на космичка радијација, што е помалку од онаа на која сте експонирани, на пример, при рендген.

7) Се јавува главоболка

Кај некои индивидуи, падот на притисокот на кислородот создава хипоксија, која резултира со силна главоболка

8) Се засилува болката во забите



Промената на притисокот во кабината може слабата забоболка да ја претвори во многу посериозна. Причината за тоа е што воздушниот притисок во телесните шуплини (синусите, ушите итн) мора да се изедначи со оној во кабината, а истото важи и за случаите кога имате воздух во забите (доколку се инфицирани или скоро сте имале  интервенција на нив)

9) Се намалува толеранцијата на алкохол

Поради недостатокот на влажност во кабината и нискиот притисок, алкохолот многу побргу „фаќа“, а причината за тоа е намалената способност на телото да го апсорбира кислородот што предизвикува хипоксија, што во комбинација со алкохолот ги засилува неговите ефекти



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби