Грешки кои ги саботираат вашите напори за слабеење

Со сите информации кои ни се на располагање, а се поврзани со слабеењето, лесно е човек да се збуни. Во принцип доволно да се храните здраво, да тренирате редовно и да ги избегнувате вообичаените грешки кои го саботираат слабеењето:

1) Неселективно зголемување на нивото на активност



Еден од најбрзите начини за метаболизмот да „удри во ѕид“ и фитнес напредокот да сопре е зголемување на нивото на активност додека сте на режим на исхрана за слабеење. Причината за ова е што телото има неколку механизми за да се обиде да ја задржи неговата моментална состојба, а кога премногу се вежба (на пример кардио два пати во денот) за време на ваква диета (кога јадете помалку калории дневно отколку што му се потребни на телото за одржување на тежината), телото се бори против тоа и се адаптира со тоа што ја намалува потрошувачката на енергија. Тоа значи дека метаболизмот забавува и согорува многу помалку маснотии.

За да ова не се случи, постепено зголемувајте ја должината, тежината и зачестеноста на тренинзите кога ќе го постигнете платото и нема да напредувате. Подобро и покорисно да се слабее побавно и на овој начин, отколку со форсирање кое ќе го поремети метаболизмот.

2) Исфрлање на јаглехидратите од исхраната

Јаглехидратите се важен фактор за одржување на нивото на Т3, тироиден хормон кој го контролира метаболизмот. Студии покажале дека кај субјекти кои консумирале нула јаглехидрати во период од две недели дошло до 47% намалување на ефективноста на нивниот метаболизам, како и намалени перформанси при вежбањето поради гликогенот кој му дава енергија на телото. Околу 120-130гр. јаглехидрати дневно биле доволни за одржување на здраво ниво на Т3, а најмалата количина јаглехидрати која се препорачува е 50гр. дневно.

3) Недоволно разновидна исхрана



Не постои една храна која се смета дека е најдобра или подобра од друга – секоја има различни хранливи состојки и секоја различно влијае на телото. Затоа, доколку се ограничите само на еден вид на храна, на пример исклучиво да внесувате протеини преку пилешки стекови, се зголемува недостигот на хранливи состојки кои ги имаат останатите видови на храна од истата група.

Поради тоа, исхраната треба да се состои од разни извори како живина, говедско месо, свинско месо, риба, зрнеста храна, мешунки, семиња, овошје и зеленчук.

4) Заборавате на калциумот

Кога се консумира храна за слабеење, вообичаено се зголемува внесот на протеини,а се намалува оној на јаглехидрати и маснотии. Но, пролонгирани диети од овој тип без суплементација со калциум можат да резултираат негативно на балансот на калциум во организмот. Причината за ова е што кисело-алкалниот баланс во телото станува по киселест, што резултира со користење на калциумот од коските, што пак може да доведе до создавање на камења/песок во бубрезите.

За да ова го избегнете, суплементирајте се со калциум плус витамин Д3 кој помага во неговата апсорпција.

5) Користење мали тежини при вежбањето



Многумина сметаат дека тешките тегови се користат за добивање на мускули, а лесните за губење на масти и за „дефиниција“, што е сосема погрешно гледано од перспектива на вашето тело, бидејќи на овој начин телото слабее, но губи и од мускулната маса.

За да мускулната маса се одржи што е можно повеќе во периодот на слабеење, потребно е да продолжите да кревате големи тежини, кои треба да се 75-85% од максималната тежина која можете само еднаш да ја кренете.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби