Маслиновото масло го редуцира ризикот од срцев и мозочен удар

Истражувачи од истражувачкиот центар Кинан за биомедицинска наука при Сент Мајкл болницата во Торонто откриле дека нивото на важен протеин се зголемува по внесување храна богата со незаситени масти, како маслиновото масло.

Овој протеин може да ја инхибира клучната причина за крварења и кардиоваскуларни болести.

Плазма протеинот кој се зголемува со ваквата храна е наречен Apolipoprotein А-IV, или скратено ApoA-IV. Колку поголема е неговата количина, толку помали се шансите за кардиоваскуларни заболувања бидејќи тој блокира одредени гликопротеини чии рецептори предизвикуваат тромбоцитна агрегација, односно блокирање на протокот на крв што предизвикува тромбоза.

Тромбоцитната агрегација спасува животи бидејќи го запира крварењето кај оштетените крвни садови, но кога ќе се случи истата да блокира доток на крв тоа може да предизвика мозочен или срцев удар, па и смрт.



По секој оброк, тромбоцитите се стимулираат што значи можат полесно да се сврзат меѓусебно, а кога ApoA-IV се зголемува во крвта по јадење на незаситените масти, им ја менува формата и го подобрува крвотокот па така ризикот од срцев и мозочен удар се намалува.

Научниците се надеваат дека идни студии можат да откријат како ова истражување да се искористи за креирање на терапии за разни кардиоваскуларни болести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби