Ситуации кога треба да го прескокнете тренингот

Сите оние кои редовно тренираат ретко кога се одлучуваат да го прескокнат тренингот, макар и да не се чувствуваат како што треба, мислејќи дека ако се испотат ќе им биде подобро. Вежбањето во одредени ситуации може да нанесе повеќе штета отколку да е корисно, а еве некои состојби кога апсолутно треба да го прескокнете тренингот:

1) Кога имате треска или грип



Треската значи дека телото се справува со болест, а дополнителниот стрес на кое тоа би било изложено со вежбањето само ќе го направи тој процес потежок и подолготраен. Покрај тоа, вежбањето може да ја зголеми веќе покачената телесна температура.

2) Кога имате хронични болки во мускулите



Доколку имате болки во мускулите и по 72 или повеќе часови од последниот тренинг, тоа значи дека премногу тренирате и не му давате на телото одмор колку што му е потребен. Понатамошното вежбање во овие услови само дополнително ќе ве исцрпи и нема да има никаков ефект – напротив, ќе ви биде потребен уште подолг период на невежбање за да се вратите во нормала.

3) Кога сте преморени

Кога сте преморени најдобро е да го прескокнете тренингот, бидејќи во спротивно може да направите некоја грешка, поради намалената концентрација,  што може да доведе до повреда.

4) Сте имале операција или поголема повреда



Дури и од докторот да ви е дозволено да вежбате одреден период по операција или поголема повреда, но не се чувствувате целосно подготвени, не го правете тоа. Вашето тело сè уште закрепнува и ако ви дава знаци дека тоа не го сторило до крај, послушајте го.

5) Сте завршиле поголем спортски настан



Доколку сте комплетирале некоја посериозна трка (полумаратон, маратон) или спортски натпревар од типот на IRONMAN и слични, дајте му на телото период додека закрепне. Тоа не значи дека не треба да станете од каучот – активниот одмор и лесните вежби ќе ви овозможат и да одморате но и доволно да се раздвижите за побрзо да закрепнат мускулите. За тоа може да служи лесно џогирање, јога, пешачење, возење велосипед или ролери и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби