6 начини како да ги избегнете грчевите во мускулите кога трчате

Без разлика дали се подготвувате за маратон или трчате рекреативно, грчевите во нозете се нешто што сите тркачи се обидуваат да го избегнат. Еве што препорачуваат разните експерти да преземете за да ги минимизирате шансите тоа да ви се случи.

1) Бидете хидрирани



Иако истражувањата не потврдиле 100% дека дехидрацијата предизвикува грчеви, експертите веруваат дека таа го редуцира нивото на болката која еден грч ја предизвикува.

2) Внесувајте електролити

Електролитите се јоните во телото кои спроведуваат електрицитет и се важни за разни телесни функции, вклучувајќи го и атлетскиот перформанс. Кога во телото нема доволно електролити, се предизвикува ослабување на мускулите и нивно грчење.

Главните електролити во телото вклучуваат натриум, калиум, хлорид, калциум и магнезиум. Покрај пијалаците кои содржат електролити, истите ги има, помеѓу другото и во бананите, краставичките, кељот и јогуртот.

3) Истегнувајте се пред трчањето



Штом одреден мускул почне да се грчи, лесно истегнување е одличен начин да се намали болката, но истегнувањето пред трчањето ќе му помогне на вашето тело да се загрее, со што се намалуваат шансите од грчеви, истегнување на мускулите и разни други повреди.

4) Не јадете кратко време пред да трчате

Студии покажале дека тркачите кои консумирале големи количини храна еден до два часа пред трката развивале симптоми на стомачна болка.

5) Внимавајте на темпото



Ако некогаш сте трчале во некој натпревар, знаете дека никогаш трката не треба да се започне пребрзо. Освен тоа што бргу ќе се заморите, истото го зголемува и ризикот од грчеви во мускулите.

6) Вежбајте разни видови скокови

Плиометрискиот тренинг вклучува вежби кои го подобруваат атлетскиот перформанс и го одложуваат заморот на мускулите, а со тоа и нивното грчење.

Во нив спаѓаат скокањето јаже и слични вежби кои ја подобруваат координацијата помеѓу мускулите и нервите и ги зајакнуваат мускулите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби