Како шеќерот и лошата исхрана влијаат на менталното здравје

Повеќето од нас кога се нерасположени, посегнуваат по нешто слатко. Но, истражувањата покажуваат дека всушност причината е спротивна – слаткото не тера да се чувствуваме така.

Во скорешна студија, научниците го поврзале шеќерот и шеќерните адитиви со депресијата, анксиозноста и разни зависности.



На пример, биле следени медицинските состојби и исхраната на 8000 луѓе во период од над 22 години, од кои ниеден не бил третиран за депресија или пореметување на менталното здравје на почетокот на студијата.

По нејзиното завршување, пак, било заклучено дека мажите кои консумирале 67 или повеќе грама шеќер дневно, имале 23% поголеми шанси да бидат дијагностицирани со депресија во период од 5 години, во споредба со оние кои внесувале 40 грама или помалку. Од 850 девојки, пак, на возраст помеѓу 12 и 18 години, било заклучено консумирање брза или процесирана храна било асоцирано со зголемен ризик од депресија.

Неколку фактори влијаат на ова, а тие се:

1) Поврзаноста помеѓу стомакот и мозокот

Околу 95% серотонин – еден од клучните хормони за регулирање на расположението и емоциите – се создава во гастроинтестиналниот тракт, познат како ентеричен нервен систем. Тој некогаш се нарекува „втор мозок“ или „стомачен мозок“ и содржи околу 100 милиони неврони вградени во ѕидовите на цревата, кои пренесуваат информации во мозокот.

Всушност, 90% од информациите во нашите примарни нерви одат од стомакот во мозокот, а не обратно. Како резултат на тоа, оние со здрави и разновидни стомачни микроби помалку патат од анксиозност и депресија.

2) Шеќер и BDNF

Според една студија, се смета дека активноста на клучен хормон за раст во мозокот наречен BDNF е поврзувачки фактор помеѓу зголеменото консумирање на шеќер и пореметувањата на менталното здравје. Постојаното консумирање шеќер активира серија физиолошки настани кои го редуцираат овој хормон, чие ниско ниво е поврзано со депресијата, шизофренијата, деменцијата и Алцхајмеровата болест.

3) Карактеристики кои создаваат зависност

Голем број докази покажуваат дека шеќерот и вештачките засладувачи функционираат повеќе како дрога која создава зависност, отколку храна, бидејќи креираат „high” (еуфорично, среќно чувство) а потоа и “crash” (нагло спуштање од тоа). Причината за тоа е што шеќерот и процесираната „junk food“ предизвикуваат создавање на допамин (невотрансмитер кој ни овозможува да се чувствуваме убаво), чии преголеми количини со тек на времето значително ја менуваат функцијата на мозокот, влијаејќи на менталното здравје.

4) Недостаток од хранливи состојки

Шеќерите имаат дефицит од хранливи состојки, и се т.н „празни калории“, бидејќи ништо корисно не се внесува во организмот, а вишокот калории се складираат во „резерви“, т.е во создавање на масно ткиво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби