4 причини поради кои може да имате намалена желба за секс

Технички не постои „нормално“ ниво кога станува збор за сексуалниот нагон, но доколку имате забележано дека тој значително е опаднат, во однос на вообичаениот, причините за тоа може да се од здравствена природа.

1) Болест на тироидата

Хипотироидизмот, односно недоволно активна тироидна жлезда, е поврзан со мноштво симптоми кои може да вклучуваат и сексуална дисфункција. Оваа состојба е почеста кај мажите отколку кај жените и кај мажите може да предизвика проблеми како предвремена или пак одложена ејакулација. Кај жените доаѓа до намалување на вагиналната лубрикација што резултира со болен однос. Доколку хормоналниот баланс не се поврати со лекови, симптомите се влошуваат – што меѓу другото,
повлекува и општо намалување на енергијата.

2) Менопауза

За време на менопаузата, физичките ефекти на намалувањето на нивото на естроген како топлите бранови, ноќното потење и вагиналната сувост, може да ја намалат сексуалната желба.

Дефицитот на тестостерон, пак, кој се случува и кај мажите и кај жените со стареењето, исто така е причина за ниското либидо.

3) Стрес и замор

Стресот и заморот подеднакво влијаат на либидото и кај мажите и кај жените – значително го намалуваат. Бидејќи артериите како резултат од стресот можат да се стеснат, тоа може да доведе и до еректилна дисфункција кај мажите.

4) Одредени лекови

Познато е дека одредени лекови влијаат на сексуалната желба – антидепресивите, апчињата за контрола на бременоста, антихистамини, лекови против разни напади како и силни лекови против болки, бидејќи влијаат на продукцијата на хормони и го отежнуваат постигнувањето на оргазам. Освен тоа значително влијаат и на расположението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби