4 ризици од користењето на солариум

Сончањето во солариум е популарна метода за добивање на темен тен, но оваа форма на потемнување е поврзана со бројни здравствени ризици.

1) Инфекција



Иако се чисти пред во нив да влезе друг клиент, честото користење на еден ист солариум од страна на разни луѓе претставува ризик. Доколку тој не е темелно исчистен, во него може да има бактерии или вируси, што може да доведе со сериозни кожни инфекции.

2) Оштетување на очите

Експонирањето на UV радијација за време на лежењето во солариум потенцијално може да ги оштети екстерните и интерни структури на очите и очните капаци.

Катарактата, на пример, е предизвикана од преголемо експонирање на UV радијација во 20% од случаите, а останатите ризици вклучуваат воспаление на рожницата, оштетување на мембраните во внатрешноста на очните капаци и очните вдлабнатини, па дури и формирање на канцер кој влијае на увеата (пигментираниот слој на окото кој лежи под рожницата).

Поради тоа специјално дизајнираните заштитни очила се задолжителни за време на сесиите во солариум, бидејќи самото затварање на очите не го спречува пенетирањето на радијацијата.

3) Рак на кожа



Повеќе од половината (65%) случаи на меланом (рак на кожата) се поврзани со експонирање на UV зраци, од Сонцето или од солариум.

4) Зависност

Во една студија каде била испитувана мозочната активност на постојаните корисници на солариум кои имале зависност од оваа процедура, било заклучено дека сесиите ги активирале центрите за награда во мозокот, што е причината што многумина од нив продолжиле да одат во солариум и по развивање на рак на кожа.

За да дополнително ја истражат оваа зависност, истражувачите користеле филтер да ја блокираат UV радијацијата, во некои случаи за тоа воопшто не информирајќи ги партиципантите. Во овие случаи, нивната мозочна активност не покажала ист проток на крв во мозокот, а по третманот тие изјавиле дека не се чувствуваат задоволно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби