Како да го забрзате заздравувањето на раните?

Постојат многу причини зошто раните не ви заздравуваат побргу отколку што тоа го правеле порано. Некои од факторите како староста или здравствени пореметувања како дијабетесот не можеме да ги промениме, но многу други фактори можеме.

1. Здрава исхрана



Бидејќи за заздравувањето на раните се потребни одредени хранливи состојки, важно е нашата исхрана да е избалансирана и богата со протеини, витамин А, витамин Ц, и цинк.

Протеинот најчесто се внесува преку месните и млечни/соини производи, додека витамините преку разни овошја и зеленчуци. Многу житарки за доручек се засилени со цинк, кој го има и во остригите, гравот, оревите и др.

2. Физичка активност

Истражувањата сугерираат дека вежбањето може да го забрза процесот на заздравување на раните, што се должи на подобрената активност на имунолошкиот систем. Зголемениот доток на крв во ткивата, пак, може да ја намали инфламацијата т.е воспаленијата поврзани со оштетеното кожно ткиво.

3. Користење на завој

Користењето на завој се препорачува за помалите повреди бидејќи го заштитува местото од понатамошна траума – случајна или намерна (предизвикана од чешање, допирање на кожата и сл.).

Завојот може и да го спречи сушењето на кожата, а познато е дека влагата може да го забрза заздравувањето и да го редуцира создавањето на лузни и красти.

4. Помалку цигари

Цигарите може да го забават процесот на заздравување на раните на неколку начини. Токсичните состојки од димот (никотинот, јаглерод моноксидот и водород цијанидот) значително придонесуваат за тоа.

5. Намалување на внесот на алкохол

Како и пушењето, пиењето алкохол го редуцира нивото на белите крвни клетки и клучните протеини кои играат голема улога во заздравувањето на раните.

Оние кои ќе се повредат под дејство на алкохол се со зголемен ризик на бактериска инфекција како и од поголемо крварење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби