4 причини поради кои имате првут

Првутот е форма на себороичен дерматит кој ги зафаќа деловите од телото каде има мноштво од лојни жлезди, како што е скалпот, лицето, градите и наборите на телото. Несомнено непријатна состојба која ја имаат милиони луѓе.

Што ја предизвикува и влошува оваа состојба?

1) Стресот



Стресот може да ја влоши секоја здравствена состојба поврзана со кожата. Високото ниво на стрес може да го отежне функционирањето на имунолошкиот систем, што често предизвикува физички симптоми, од кои еден е создавањето првут проследен со интензивно чешање кое резултира со уште повеќе првпут.

2) Маласезија

Еден од најчестите митови за првутот е дека тој е предизвикан од сув скалп. Експертите велат дека оние чиј скалп е премногу масен имаат поголеми шанси за првут, а тоа најчесто се случува поради габата малесезија која завршува на кожата кога таа е премногу масна.

Кај некои луѓе таа започнува да се храни од маснотиите и мртвите кожни клетки на скалпот, предизвикувајќи уште пофреквентно лупење на кожата.

3) Ретко миење на косата



Колку често треба да се мие косата зависи од многу фактори како што се типот на кожата, продуктите за коса, типот на коса и слично. Но, доколку тоа се прави навистина ретко, сè додека косата не се „замрси“, истото предизвикува создавање на првут.

4) Алергија

Контактниот дерматитис е алергиска реакција на кожата кога таа реагира на одредени работи како сапун, латекс, мириси, накит, козметички продукти или растенија. Бидејќи сето ова предизвикува чешање, може да дојде и до појава на првпут. Доколку често ги менувате козметичките продукти кои ги користите врз кожата, возможно е таа да е пречувствителна на една или повеќе состојки од нив.

На листата на потенцијални алергени е и формалдехидот,  хемикалија која се користи во некои процеси за исправање на косата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби