Внесување витамини преку гуми за џвакање

Истражувачи од колеџот за земјоделски науки при универзитетот Пен Стејт анализирале дали гуми за џвакање со два витамини во нив биле ефективни при испорачување на витамини во телото.

Резултатите сугерираат дека џвакањето мастика би можело да претставува стратегија за намалување на недостатокот од витамини кој го имаат луѓето низ светот. Само во САД скоро 1 од 10 луѓе постари од 1 година имаат недостаток од витамините Ц и Б6.



За потребите на студијата, 15 луѓе џвакале мастики и суплементирани со 8 витамини со цел потоа да се измери нивото на витамини во нивната плунка. Во посебен експеримент врз истите луѓе, пак, биле мерени нивоата на 7 витамини во нивната крвна плазма.

Било откриено дека гумата за џвакање ослободувала ретинол (А1), тиамин (Б1), рибофлавин (Б2), ниацинамид (Б3), пиридоксин (Б6), фолна киселина, сијанокобаламин (Б12), аскорбинска киселина (Ц) и алфа-токоферол (Е) во плунката на партиципантите.

Концентрацијата на витамини во нивната плазма била зголемена за: 75 до 96% за А1, 906 до 1077% за Б6, 64 до 141% за Ц, и 418 до 502% за Е во споредба со групата која џвакала плацебо мастики.

Со ова било демонстрирано дека најголемото зголемување било забележано кај витамините Б6 и Ц кои се растворливи во вода, што било најзначајниот дел од студијата.

Еден од недостатоците на студијата е тоа што била краткотрајна и не бил донесен заклучок дали зголемувањето на нивото на витамини во плазмата е долготрајно, што ќе биде целта на следната студија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби