Како вежбањето влијае врз депресијата?

Многу студии покажале дека физичката активност е поврзана со намален ризик од развивање на депресија, но дали таа може и да ја спречи?

Нова студија користела генетички податоци од повеќе од 600 000 возрасни личности вклучени во разни студии за геномна асоцијација и било откриено дека физичката активност игра важна улога во редуцирањето на ризикот од депресијата.

Студијата анализирала разни мерки – геномите на луѓето, нивните медицински истории за депресија и симптоми на депресија и колку физичка активност имала секоја личност (мерена со фитнес тракери и сопствени тврдења). Споредувајќи ги овие информации, биле идентификувани неколку варијанти на гени кои се поврзани со веројатноста некој да вежба, како и гени асоцирани со веројатноста некој да развие депресија.

Оние кои имале генетски маркери поврзани со поголема веројатност за вежбање имале помали шанси да развијат депресија, но оние со маркери за депресија немале помали шанси за вежбање, туку токму спротивното – што сугерира дека вежбањето може да заштити од депресија, но депресијата не секогаш предизвикува некој да вежба помалку.

Вежбањето не е лек за проблемите поврзани со менталното здравје, а депресијата може да биде пречка за имањето на доволно физичка активност. Иако вежбањето не е совршено решение за депресијата, разни студии покажале дека дефинитивно може да направи разлика, особено тренингот со отпор, како што е тежинскиот тренинг.



Други студии, пак, покажале дека било каков вид на вежбање (од кардио до јога) може да ги намали депресивните симптоми.

Сè уште не е јасно како со вежбањето се постигнуваат овие ефекти, но истражувачите имаат неколку теории. Ригорозните вежби како што се тежинските тренинзи и трчањето го зголемуваат дотокот на крв во мозокот, потенцијално менувајќи му ја структурата и клеточниот состав.

Вежбањето активира и ослободување на ендорфини, побарува контрола на дишењето и многу други работи корисни за психофизичкото здравје.

Истражувањата покажуваат дека дури и кратка физичка активност може да го подобри физичкото и ментално здравје – без разлика дали се работи за 15-тина минути или повеќе.

Користејќи податоци од повеќе од 1.2 милиони возрасни личности во САД, голема студија од 2018-та открила дека подобро ментално здравје се постигнува со минимум 2 часа вежбање неделно (во просек 20 минути дневно), додека пак студија од 2017-та вели дека само еден час физичка активност неделно може да е доволна за превенција од депресија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби