Што е разликата помеѓу алергија, чувствителност и нетолеранција на храна?

Алергијата, чувствителноста и нетолеранцијата на храна не се ист вид на реакција и се појавуваат поради различни причини.



Што е алергија на храна?

Кога станува збор за алергијата на храна, имунолошкиот систем кој вообичаено се бори против инфекции ја гледа храната како „натрапник“, што доведува до имунолошка реакција во телото при што се ослободуваат хемикалии како хистаминот, што предизвикува симптоми како што се проблеми со дишењето, стеснување и оток на грлото, кашлање и црвенило на кожата, меѓу другите.

Алергиите на храна се сериозни и може да предизвикаат симптоми опасни по живот, така да треба да се внимава никогаш да не се јаде било што содржи макар и мал дел од храната на која што сте алергични.

Што е чувствителност на храна?

Чувствителноста на храна е неалергиска инфламаторна имунолошка реакција на телото која може да доведе до разни симптоми како умор, егзема, главоболки, болки во зглобовите, депресија, задршка на вода во организмот што доведува до дуење и сл.



Што е нетолеранција на храна?

За разлика од алергијата или чувствителноста, нетолеранцијата не е активирана од имунолошкиот систем.

На пример, личност која е нетолерантна на лактоза го нема ензимот потребен за природно разградување на шеќерот во млекото. Така, несварениот шеќер е нападнат од бактериите во стомакот, што креира гасови и создава подуеност, а често пати и дијареја. Во суштина, нетолеранцијата на одредена храна е неспособноста на организмот правилно да ја разгради односно свари и процесира.

Постојат неколку тестови да се одреди дали некој има алергија, чувствителност или нетолеранција на храна. Вообичаено тие вклучуваат неколку вида на тестови на крв, но алерголог најдобро може да каже каков тест треба да се направи, во зависност од симптомите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби