Што му се случува на телото при ниски температури?

Промените на времето носат промени и на телото и умот на луѓето, па важно е да се знае како тие влијаат за да се остане здрав за време на зимските месеци.

Еве што сè му се случува на телото при екстремно ниски температури:



1) Се согоруваат повеќе калории

Базалната метаболитна стапка – бројот на калории кои се согоруваат без било каква активност – се зголемува при постудени температури, бидејќи телото мора повеќе да работи за да се загрее.

2) Се чувствува болка во екстремитетите

Кај некои луѓе се јавува состојбата наречена Рајнаудов синдром, која предизвикува некои делови од телото да не ги чувствувате и да се студени како резултат на ниските температури и стресот. Синдромот обично се јавува на дланките, стапалата и ушите, и е предизвикан кога помалите артерии кои носат крв во кожата се стеснуваат како реакција на студеното време. Оваа состојба не е опасна, но може да биде болна и непријатна.



3) Се зголемува ризикот од срцев удар

Ризикот од срцев удар при ниски температури е позастапен кај постарите возрасни личности и оние кои веќе се под ризик од срцеви заболувања, но е нешто кое што сите треба да го имаат на ум.

Кога телото се обидува да ја задржи топлината, тоа го зголемува притисокот врз срцето бидејќи тоа мора повеќе да работи за да ја пумпа крвта кон екстремитетите, што маргинално го зголемува и крвниот притисок.

4) Постои ризик од хипотермија и смрзнатини

Директната експонираност на температури под нулата дури и за период од 5 минути има ризик да предизвика смрзнатини или трајно оштетување на кожата. Подолго време поминато на екстремен студ ги зголемува шансите од хипотермија, состојба кога температурата на телото се намалува на опасно ниско ниво. За постара личност, телесна температура од 35°C и помала може да предизвика мноштво здравствени проблеми како срцев удар, проблеми со бубрезите, оштетување на црниот дроб и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби