Најчести причини за повреди при вежбањето

Вежбањето треба да е дел од сечие секојдневие, бидејќи исклучително позитивно влијае на физичкото, но и на психичкото здравје. Но, секој кој вежба е склон на потенцијални повреди, од кои дел може да бидат предизвикани од следните причини:

1) Избегнување на загревањето



Пред да се почне со вежбањето, пожелно е да се подигне температурата на телото и да се забрза крвотокот, што може да се постигне со кратко загревање на трака за трчање или 5-минутно возење на статичен велосипед. По тоа треба да следат едноставни движења како ротации на вратот, рамениците, торзото и др. за да се загреат мускулите пред да се започне со тренингот.

2) Beжбање со неправилна форма

Ништо не може да предизвика повеќе ненадејни повреди отколку вежбањето со неправилна форма. Неправилното вежбање особено со тегови не само што нема да ги стимулира мускулите, туку ќе предизвика непотребни, а можеби и сериозни оштетувања на зглобовите. Истото може да се случи и со вежбање со преголеми тежини.

Неправилната форма при изведувањето на вежбите во кои е вклучен рбетот може да доведе до негово оштетување, така што пред да започнете било каква вежба за која не сте сигурни како правилно се изведува, задолжително консултирајте се со тренер.

3) Постојано кревање на големи тежини



Кревањето големи тежини влијае врз тетивите, лигаментите и централниот нервен систем, па дури и  кога мускулите ги издржуваат овие тежини, тие сепак може да предизвикаат повреди.

Поради тоа, треба да се избегнува постојано кревање на големи тежини и да се направи план каде, на пример, секоја трета недела ќе ја намалувате тежината која ја кревате, но ќе го зголемите бројот на повторувања. Со ова ќе му се даде одмор на нервниот систем и ќе се стимулираат различни групи на мускулни влакна со што и прогресот на мускулниот раст ќе биде подобар.

4) Изведување на истите вежби

Една од помалку познатите причини за повреди на мускулите и зглобовите е изведувањето на едни исти вежби за секој дел од телото, секој тренинг. Ваквиот начин на вежбање предизвикува оштетувања на ткивата преку константно правење на исти движења.

Поради тоа, се препорачува ротација на вежбите и менување на програмата на неколку недели.

5) Игнорирање на терапија и времето потребно за заздравување



За максимизирање на прогресот при вежбањето мора да се обрне внимание и на сето она што не спаѓа во тренингот, а тоа се масажата, физикалната терапија и слично, кои што ги спречуваат можните повреди. Тука спаѓа и одморот од вежбањето т.е давање доволно време на мускулите да заздрават, бидејќи мускулите се градат и обновуваат кога одмараме, а не кога вежбаме. Секојдневното вежбање без адекватен одмор може само да доведе до „претренирање“ и стагнирање со резултатите, како и до повреда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби