Знаци дека вежбате со преголеми тежини

Успешниот тренинг со тежини делува исклучително задоволувачки, но кога постојано вежбате со (големи) тежини без никакви варијации, тоа може да претставува проблем. Всушност, премногу тренирање (overtraining) од било каков вид само го влошува здравјето.

1) Формата не ви е правилна



Кревањето тежини го заморува телото, а кога кревате нешто што е претешко за вас, тоа често пати влијае на формата – што може да доведе до повреди.

2) Не му давате на телото доволно време да се одмори помеѓу тренинзите

Доколку константно сте во теретана или вежбате и дома, скоро е загарантирано дека на телото не му давате доволно време да закрепне за да перформансите му се на оптимално ниво.

Доколку постојано тренирате, телото поминува низ толку многу стрес што се препорачува одредени периоди комплетно да мирувате една до 3 недели.

3) Ви се менува брзината на отчукувања на срцето

Често пати кога креваме поголема тежина, ни доаѓа да го задржуваме воздухот. Но, тоа може да доведе до сериозен здравствен проблем наречен „маневар Валсалва“ кој може да предизвика разни промени во организмот, вклучувајќи ја онаа на крвниот притисок и отчукувањата на срцето.

4) Толку се фокусирате на фитнесот што ги занемарувате останатите важни аспекти за одржување на здравјето

Покрај вежбањето кое е исклучително важно за одржување на здравјето, мора да се обрне внимание и на добро балансираната исхрана и доволно време поминато во одмарање – што често се заборава кога сте фокусирани исклучиво на вежбање.

Многумина кои постојано вежбаат сметаат дека може да јадат што ќе посакаат (процесирана или пржена храна, алкохол итн.) бидејќи истата ќе ја „потрошат“, но сето тоа лошо влијае на здравјето, дигестијата и др. Вежбањето, пак, без доволно одмор доведува до overtraining, што не им дозволува на мускулите да закрепнат и ги зголемува шансите за повреда.

5) Overtraining-от може да доведе и до итни медицински состојби

Постои една состојба која се нарекува рабдомиолиза, или скратено „рабдо“. Таа се појавува кога поради пречесто и преинтензивно вежбање продуктите од разградувањето на мускулното ткиво може да ги оштетат бубрезите, па дури и да предизвикаат прекин во нивната функција

6) Исцрпени сте и ментално и физички

Физичката исцрпеност доведува и до ментална, што во секојдневниот живот може да има сериозни последици – на пример, губење на концентрацијата додека возите и сл.

7) Имате потешкотии со заспивањето и спиењето



Истражувањата покажуваат дека вежбањето е добро за сонот, но премногу вежбање може да го поремети циклусот на спиење

Доколку вашето тело создава премногу од хормоните кои го зголемуваат стресот, тоа може да пречи на заспивањето и релаксирањето.

8) Стагнирате со резултатите

Еден од првите симптоми на overtraining е стагнирање со резултатите, т.е постигнување на плато, како и постојано намалување на перформансите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби