Што му се случува на телото кога ќе прекинете да пиете кафе?

Доколку се сомневате дека пиете премногу кафе или дека кофеинот ви пречи и сакате да прекинете да го пиете, еве што сè може да се случи:

1) Може да ослабете



Истражувачите од универзитетот Дјук откриле дека дневното консумирање на кофеин во кафе, чај или други пијалаци, кај партиципантите го зголемило дневното ниво на внесен шеќер за 10%, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни заболувања и прекумерна тежина. Доколку кафето се пие со крем, шеќер, млеко и слично, со една шолја може да се внесат и над 200 калории. Тоа значи дека со прекинувањето на пиење на вакво кафе, би избегнале внесување на стотици калории во текот на денот – што може да доведе до слабеење.

2) Може да ја зголемите тежината

Бидејќи кафето може привремено да го потисне апетитот, без него се јавува поголема желба за јадење – особено за слатка храна, доколку и кафето се пиело засладено.

3) Подобрување на спиењето

Студија покажала дека внес на кофеин дури и 6 часа пред да се легне може да го поремети циклусот на спиење.

4) Почести главоболки



Кога престанувате со пиење кафе, го лишувате телото од адреналин и допамин – хормоните кои функционираат како природни стимуланси и нè држат будни. Наместо тоа, во телото се ослободува аденозин - хормон одговорен за одморот и заморот – кој предизвикува промена во мозочната хемија која резултира со главоболка. За да ова се минимизира, не прекинувајте нагло со пиење на кафе, туку малку по малку елиминирајте го неговиот внес. Симптомите може да се избегнат и со пиење чај наместо кафе, па дури и на мешање на обичното кафе со безкофеинско.

5) Може да се чувствувате како да сте болни

Оние кои престанале со консумирање на кафе пријавиле несакани ефекти како депресија, анксиозност, симптоми слични на грип, несоница, раздразливост, промени во расположението и вртоглавици. За среќа, најголемиот дел овие симптоми се краткотрајни и најчесто поминуваат по првите 2 дена, додека останатите ги снемува за 1 до 2 недели.

6) Ќе имате поздрава насмевка

Кафето има голема киселост, што значи ја еродира глеѓта на забите и ги потемнува.

7) Ќе внесувате помалку антиоксиданси



Кафето е најголемиот извор на антиоксиданси кај повеќето луѓе, а пиењето на повеќе од 3 шолји дневно може да го намали ризикот од, на пример, рак на дојка или Паркинсонова болест, како и да го подобри здравјето на коските.

8) Може да имате потешкотии со концентрацијата

Прекинувањето на пиење кафе може да ве направи да се чувствувате уморни и раздразливи, што допринесува за губење на концентрацијата.

9) Може да добиете запек

Кофеинот помага за придвижување на храната низ цревата, па така со исфрлање на кафето од вашата исхрана може да се случи да добиете запек. Лекот за тоа е внес на доволно вода и разни течности, јадење на храна богата со влакна (цели зрна, зеленчук, грав) и редовно вежбање.

10) Ќе се чувствувате посмирено



Кафето природно го зголемува нивото на адреналин и хормоните на стрес во телото. Кога ќе го намалите или прекинете неговиот внес, ќе се чувствувате посмирено (по периодот откако ќе поминат несаканите ефекти).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби