Разлики во вежбањето на елиптичен велосипед и трака за трчање

Елиптичниот велосипед и траката за трчање се две класични кардио машини кои ги има во речиси секоја теретана, а секоја од нив си има свои добри и лоши страни.

Елиптичниот велосипед е машина која е корисна во случај да имате повреда на долниот дел од телото или на зглобовите, бидејќи кружното движење на педалите не предизвикува скоро никаков удар на зглобовите бидејќи стапалата никогаш не се двојат од педалите.

Движењата на овој уред треба да ги имитираат оние од пешачењето и трчањето, но на него колената се придвижуваат многу повисоко отколку што тоа е случајот при „нормалното“ трчање или пешачење. Ова движење предизвикува поголема флексија на колкот со помала екстензија, што го намалува ризикот од истегнување.

Траката за трчање, пак ги зајакнува коските поради тоа што тие се изложени на силен стрес, а може да се нагоди да симулира трчање (или пешачење) на рамен или закосен терен.

Додека го движите телото на трака за трчање, не се потпирате целосно на сопствената сила бидејќи појасот се движи под вас. Поради тоа, таа не е погодна за тренирање за (полу)маратонска трка, иако постојат и немоторизирани траки каде лентата не се движи автоматски туку треба да се турка со самото трчање.

Како и трчањето на отворено и она на траката за трчање става огромен притисок на зглобовите. На траката за трчање се согоруваат повеќе калории во однос на елиптичната машина, бидејќи побарува повеќе енергија, но затоа можноста за повреда е поголема.

Елиптичниот велосипед е малку „побезбеден“ и полесен за вежбање, меѓутоа е попогоден за помалку интензивни вежби (освен ако значително не му го зголемите отпорот). Во тој случај, вежбањето на оваа машина може да биде интензивно подеднакво како и вежбањето на трака за трчање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби