Начини на кои денес сме поздрави отколку пред 40 години

Пред само 4 декади, луѓето повеќе пушеле, трансмастите ги имало во многу повеќе храна, а загадувањето било толку лошо што некои реки во САД не само што не биле безбедни за пливање, туку и се запалувале.

За среќа, во декадите кои што следеле човештвото многу повеќе се ангажирало за подобрување на здравјето на многу разни начини.

Еве како во тој поглед се разликува светот денес од оној пред 40 години:

1) Животниот век е подолг

Медицинскиот напредок во комбинација со прифаќањето на поздравите животни навики го има продолжено очекуваниот животен век. Во 2015-та, просечниот животен век во САД изнесувал 76.3 години (кај мажите) и 81.1 години (кај жените). Колку за споредба, во 1980 тие бројки биле 70 и 77.4 години.

2) Има помалку пушачи

Во 1978-ма, 36% од Американците биле пушачи, во споредба со 16% во 2018. Од 1991-ва до 2016-та, пак, се намалиле стапките на смрт предизвикана од рак како резултат на намалувањето на пушењето и напредокот во раната детекција и третманите на оваа болест.

3)Имаме вакцина против Хепатитис Б

Хепатитис Б вирусот не бил откриен сè до средината на 1960-тите, а дури во 1981-ва била одобрена вакцина за оваа опасна инфекција на црниот дроб. Широката употреба на оваа вакцина предизвикала намалување на случаите со Хепатитис Б за повеќе од 80% од 1979-тите, со што се намалил и бројот на заболувања од рак на црниот дроб.

4) Како и против варичела (овчи сипаници)

Во 1970-тите, овчите сипаници биле вообичаен дел од детството. Денес, оваа болест позната како варичела е многу малку вообичаена, благодарејќи на вакцинациите кои спречуваат повеќе од 3.5 милиони случаи само во САД.

5) Во болниците има машини за магнетна резонанца

MRI машините користат магнетни полиња и радио бранови за снимање на внатрешноста на телото, овозможувајќи им на докторите поефективно дијагностицирање на здравствените проблеми. Пред 1977-ма, ваквото скенирање не постоело, со што не биле забележувани многу потенцијално смртоносни здравствени состојби (од внатрешни повреди до тумори).

6) Појасите за седишта се задолжителни

Во 60-тите и 70-тите, ставањето на појас при возење не било задолжително. Во 1983-та, во САД станало нелегално за возачот и совозачот да немаат појас, а од 1991-ва тоа важи и за патниците на задните седишта. За споредба, во 1975-та во сообраќајни несреќи загинале 44 525 луѓе, додека таа бројка во 2017-та изнесува 37 133.

7)  Етикетите со нутритивните вредности се задолжителни

Благодарение на законите донесени во 1990-тите секој прехранбен производ задолжително да има етикета со неговите нутритивни вредности, луѓето можат да носат многу поинформирани одлуки во врска со храната која што ја јадат, а компаниите повеќе не можат да пишуваат лажни тврдења за здравствените карактеристики на нивните состојки.

8) Полиото не е повеќе закана

Во 1950-тите, годишно имало над 15 000 случаи на заболување со полиовирусот кој предизвикува парализа. По масовното вакцинирање во 1955-та и 1963-та, бројот на овие случаи постепено се намалувал, сè додека повеќе ги немало.

9)Исто како и големите сипаници (smallpox)

Едно време големите сипаници биле една од најсмртоносните болести кои можеле да се добијат. Во 1980-та, Светската здравствена организација ја прогласила оваа болест за истребена, по нејзините напори да се имунизира светската популација. Последниот познат случај на големи сипаници во Северна Америка се случил во 1952-ра, а последниот случај воопшто  бил во Сомалија во 1977-та.

10) Даминозидот е нелегален за користење

Даминозидот е еден од првите растителни хормони регистриран за користење во САД во 1963-та, за кој подоцна се покажало дека предизвикува рак на неколку органи. Во 1989-та производителите доброволно престанале да го продаваат овој продукт за користење на продукти кои што се јадат, а подоцна станало нелегално да се користи врз сите култури.

11) Помалку луѓе имаат ХИВ/СИДА, а оние кои имаат живеат подолго

Првиот случај на СИДА  бил забележан во 1981-ва, а до 1989-та во САД имало 117 508 заболени и повеќе од 89 000 смртни случаи. Во 1997-ма, анти-ХИВ терапиите се појавиле на пазарот, по што бројот на смртните случаи во САД се намалил за 42%.

Во 70-тите и 80-тите, пак, пациентите дијагностицирани со оваа болест не се очекувало да живеат повеќе од 20 месеци по дијагнозата. Денес, инфицираните индивидуи живеат во просек 22.5 години по дијагнозата.

12) Смртноста од рак е помала

За жал, научниците сè уште немаат пронајдено универзален лек против канцерот. Меѓутоа, новите терапии ги продолжуваат животите на оние со оваа болест. Во 1975-та, само 50% од пациентите со рак се очекувало да живеат повеќе од 5 години по дијагнозата, додека таа бројка денес изнесува 68%.

13) Бојата која содржи олово е нелегална

Пред 1978-ма, било сосема легално во домовите да се користи боја која содржи олово, која може да им наштети на бубрезите, нервите, па и да предизвика мозочни оштетувања доколку се инхалира или изеде.

14) Стапката на смртност кај деца е намалена

Благодарение на вакцинациите, смртноста кај децата особено на оние под 5 години е значително намалена. Во 1960-та, скоро 3% од децата во САД умирале пред нивниот 5-ти роденден, додека во 2015-та таа бројка е намалена на 0.7%.

15) Третирањето и менаџирањето на дијабетесот е подобрено

Напредокот во медицината им овозможува многу подобар живот на оние со тип 1 и тип 2 дијабетес. Во 1993-та, научниците откриле дека болестите на очите и бубрезите кои до тогаш се сметало дека се последица од дијабетесот, всушност биле предизвикани од високото ниво на гликоза во крвта. Како резултат на тоа, докторите и пациентите сега можат постојано да го следат и контролираат нивото на гликозата, и со тоа да ги намалат ризиците од разни други заболувања.

16) Имаме вакцина против ХПВ

Иако оваа сексуално пренослива болест вообичаено е безопасна, одредени нишки на вирусот можат да предизвикаат рак и други сериозни заболувања. Во 2006-та била одобрена ХПВ вакцината Гардасил, која значително го редуцира ризикот од развивање на некои од најопасните нишки, и кај мажите и кај жените.

17) Храната повеќе не содржи вештачки транс масти

Во 2015-та на производителите на храна во САД им биле дадени 3 години (до 18 јуни 2018) да ги елиминираат вештачките транс масти од нивните продукти. Оваа забрана ќе влијае на здравјето на консументите без тие самите да направат било каква промена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби