4 најчести грешки кои треба да избегнувате кога трчате

Без разлика дали трчате за да ослабнете, за да се вратите во форма и да ја подобрите кондицијата, внимавајте да не ги правите овие чести грешки кои се прават кога станува збор за трчањето.

1) Јадење недоволно јаглехидрати



Трчањето побарува многу енергија, која доаѓа од јаглехидратите. Пред трчањето, тие на телото му даваат енергија, поради што е потребно да се консумира 1 грам јаглехидрати на секој килограм тежина секој час пред вежбањето. За време на трчањето, пак, јаглехидратите се потребни за одржување на перформансите и пожелно е да се консумираат 45-60 грама на час. Пред посериозни трки (како што се полумаратон, маратон и сл.), треба да се прави т.н carb-loading, односно „полнење со јаглехидрати. Ова е ефективно единствено ако се консумираат 10-12 грама на секој килограм тежина 48 часа пред трката. На пример, некој што тежи 60 килограми треба да консумира 600-720гр. јаглехидрати за тој временски период.

2) Пиење само вода

Иако хидратацијата е важна, пиењето само вода за време на трчањето не му дава на телото сè она што му е потребно. Кога се потиме, губиме електролити како натриум, магнезиум и калиум, кои се витални за правилен пренос на информациите низ нервите, како и за функцијата на мускулите. Покрај електролити, спортските пијалаци му даваат и енергија на телото.

3) Избегнување на храна по трчањето

Многумина го занемаруваат обновувањето на енергијата преку храна веднаш по трчањето, што го забавува заздравувањето на телото и потенцијално влијае врз идните перформанси. Се препорачува консумирање на јаглехидрати и протеин во сооднос 4:1 или 3:1 грама веднаш по вежбањето, а доколку немате време за спремање на храна, една чашка чоколадно млеко веднаш по трчањето е доволна за да телото колку толку се врати во нормала и пред да се продолжи со здрава балансирана исхрана за обновување на оштетеното мускулно ткиво и обнова на резервите на гликоген.

4) Јадење премногу масна храна пред трчањето

Некогаш оние кои трчаат додаваат голема количина на маснотии во нивните оброци (како путер, сирења, енергетски барови полнети со путер од кикирики и сл.), што ја намалува ефикасноста на искористувањето на јаглехидратите како главен извор на енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби