Како јадењето доцна навечер го уништува здравјето?

Најчесто поради бројните обврски во текот на денот, но и недоволната организираност и дисциплина кога станува за исхраната, повеќето луѓе јадат или „грицкаат“ нешто доцна навечер, во време кога тоа најмалку му е потребно на организмот.

Еве какви сè негативни ефекти тоа може да има по здравјето:

1) Телото складира повеќе масти



Кога научниците набљудувале 31 возрасни личности со прекумерна тежина, откриле дека оние кои јаделе подоцна во денот имале поголем индекс на телесна маса и повеќе маснотии во споредба со останатите. Оваа студија ги потврдува и резултатите од долгите години истражувања врз животни кои сугерираат дека јадењето доцна навечер го зголемува процентот на мастите кои што телото ги складира.

2) Се накачува крвниот притисок



Јадењето доцна навечер може да го зголеми крвниот притисок, особено кај оние кои веќе патат од хипертензија. Во една студија на Европското здружение на кардиолози биле следени 700 луѓе со висок крвен притисок и било откриено дека оние кои јаделе до 2 часа пред да легнат во текот на ноќта имале зголемен крвен притисок во споредба со оние кои што не јаделе ништо пред да легнат. Истражувачите исто така заклучиле дека јадењето доцна навечер го зголемувало крвниот притисок повеќе отколку консумирање на храна богата со сол, а причинат за тоа е што кога се јаде доцна, телото останува активно и продуцира повеќе стрес хормони како адреналинот, што го накачува притисокот.

3) Го пореметува „внатрешниот часовник“



Сите ние имаме внатрешен часовник кој диктира кога правиме одредени работи, како што се спиењето, будењето и др. Кога телото го присилуваме да вари храна кога неговиот интерен распоред индицира дека е време за одмор, со тоа ги нарушуваме природните процеси на телото. Кога се стемнува, телото ослободува хормон мелатонин кој помага за заспивањето, а доколку се јаде откако мелатонинот е веќе ослободен, тоа делува збунувачки за телото и може да доведе до зголемување на телесната тежина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби