Зошто треба почесто да ги миеме рацете?

Опасните бактерии како салмонелата и E.coli можат да влезат во нашиот систем и да не разболат доколку не ги миеме рацете после користење на тоалет, допирање на свежо месо или допирање на некој контаминиран објект.

1) Често допираме многу рачки од врати



Иако вирусите не се задржуваат на рачките од вратите долг период, бактериите таму можат да преживеат многу подолго. Салмонелата на површина преживува 4 часа, но МРСА – бактерија отпорна на антибиотици – може да преживее и до неколку недели. C.difficile, пак, бактерија која предизвикува проблеми во дебелото црево, преживува и до 5 месеци.

2) Сунѓерите во кујната се исклучително нечисти

При еден експеримент во 2018-та, било заклучено дека 75% од сунѓерите и крпите во кујната се контаминирани со бактерии како E.coli. Па така, иако мислите дека рацете ви се чисти по перењето на садови, треба уште еднаш да ги измиете со сапун (по фаќањето на сунѓерите) за да сте сигурни.

3) Канцелариското биро може да има повеќе микроби од седиштето на WC шолјата



Разни истражувања покажале дека површината на едно просечно канцелариско работно биро има 400 пати повеќе микроби од седиштето на WC шолјата. Бактериите како Staphylococcus aureus, Pseudomonas aeruginosa, и Helicobacter pylori биле пронајдени во големи количини – 3295 на тастатурите, 1676 на глушецот и 25 127 на телефонот.

4) Јавниот превоз изобилува со микроби

Во истражување од 2016-та, научниците во една студија направена во метро превозот во Лондон идентификувале 121 различни видови на бактерии. Меѓу нив биле и видови кои се отпорни на антибиотици.

5) Дури и најчистите ресторани не се чисти



Најнечистите места во рестораните се високите столчиња наменети за деца, а на второ место се менијата на кои може да има и до 185 000 микроби на еден квадратен сантиметар.

6) Вашиот телефон е нечист

Ретко кој го чисти својот мобилен телефон, кој може да биде покриен со 10 пати повеќе бактерии отколку седиштето на WC шолјата, особено доколку истиот го допираат и користат повеќе луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби