Користење паста за заби со активен јаглен: Да или не?

Одредени здравствени трендови предизвикуваат повеќе штета отколку корист, а еден од таквите (покрај, на пример, пилинг на вагина, гледање директно во Сонцето или јадење на сопствената плацента) е и пастата за заби која содржи активен јаглен.



„Модата“ во сè и сешто да се користи активен јаглен се засили во 2016-та, па така денес постојат такви кафиња, сладоледи, па дури и пици, лепчиња за хамбургери и др.

Неговата популарност е во бројните здравствени „придобивки“ спомнувани во рекламите, кои го класифицираат како „детоксификатор“.

Конкретно, за пастата за заби од активен јаглен се тврди дека ги избелува забите и ги отстранува нечистотиите наталожени на нив. Меѓутоа научно е докажано дека активниот јаглен по долготрајна употреба може да предизвика флеки на забите, како и нивно расипување, а не се пронајдени никакви цврсти научни докази за потврдување на бројните тврдења за козметички и здравствени придобивки (дека има антибактериски, антигабични и антивирални карактеристики, дека го редуцира кариесот и ги белее забите, дека прави „орална детоксификација“ и сл.)



Уште еден огромен проблем со анализираните пасти за заби со активен јаглен е недостатокот на флуорид во нив. Флуоридот може да биде токсичен во големи дози, но исклучително ниските дози во обичните пасти за заби се нивна клучна состојка која го спречува расипувањето на забите и ги реминерализира за да ги направи поцврсти.

Спротивно од тоа, степенот на абразивност во пастите со активен јаглен е исклучително голем во споредба со обичните пасти, што значи дека нивно долготрајно користење може да го оштети енамелот на забите како и непцата.

Инаку, големата моќ на апсорпција која ја има активниот јаглен се користи од ветеринарите за третирање на кучиња кои имаат изедено чоколадо или пак некој отрови, како и од докторите за третирање на разни труења и предозирања од лекови – бидејќи тој може да ги апсорбира токсините пред да навлезат во крвотокот. Во секој случај, најважно е доктор да го препорача и да даде совети пред да се консумира за било која од овие потреби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби