Знаци дека сте претерале со вежбањето

Честото тренирањето со голем интензитет може да резултира со т.н overtraining (во слободен превод „превежбување“) што креира негативни ефекти врз здравјето. Еве кои се знаците дека тоа ви се случува:

1) Намалување на фитнес перформансите



Неспособноста да се одржува истото ниво на кондиција или конзистентно да се крева иста тежина се предупредувачки знаци дека сте претерале.

Се препорачува никогаш да не се зголемуваат тежините, сериите, повторувањата и зачестеноста на вежбите за повеќе од 10% неделно, бидејќи во спротивно лесно може да дојде до повреда.

2) Немате мотивација да вежбате

Секојдневното (интензивно) вежбање може да предизвика повеќе штета отколку добро, а доколку почнете да ја губите желбата да отидете во теретана, тоа е еден од знаците дека можеби сте претерале со вежбањето. Поради тоа, тренингот треба да се модифицира во зависност од тоа како се чувствувате дента и не треба да се плашите од паузирање 1-2 дена од вежбањето

3) Почесто се разболувате



Физичката активност помага за подобрување на имунолошкиот систем, но доколку со неа претерувате, тоа може да предизвика и почесто да се разболувате. Некои од знаците дека се „превежбувате“ е зголемување на бројот на настинките, траење на болестите подолго отколку што е вообичаено и зголемување на главоболките.

4) Мускулите ве болат повеќе (и подолго) од вообичаено

Нормално е чувствување на болка во мускулите (DOMS) по тренингот, која обично се појавува неколку часа па и до неколку дена по тренингот. Меѓутоа, доколку мускулите ве болат до тој степен да едвај пешачите или седите неколку дена по ред, тоа најверојатно значи дека сте претерале со интензитетот на вежбањето.

5) Имате потешкотии со спиењето



Преголемиот напор може да предизвика инсомнија и немирен сон, поради што се препорачува помеѓу тренинзите со висок интензитет да поминат најмалку 72 часа.

6) Се справувате со хронични повреди

Некои од знаците на превежбување се постојани болки во долниот дел на грбот, зглобовите и ограничената подвижност.

7) Чувствувате стрес, депресија, анксиозност или раздразливост



Исто како што испуштањето на тренингот може да предизвика емоционална реакција, тоа го прави и пречестото тренирање.

8) Се чувствувате уморни почесто од вообичаено

Преголемиот замор е сериозен знак дека треба да намалите со вежбањето. Доколку нивото на енергија ви е толку ниско што не сте во состојба да функционирате и да ги извршувате секојдневните обврски, најверојатно премногу често и интензивно тренирате и не му оставате на телото доволно време да заздрави помеѓу тренинзите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби