Истражување: Загадениот воздух ја намалува интелигенцијата

Високото ниво на јаглероден диоксид во атмосферата влијае на намалувањето на интелектуалните способности на луѓето, посочува ново истражување на Универзитетот на Пенсилванија и Колорадо Боулдер и (САД), чии резултати се објавени на интернет-страницата Phys.org.



Зголемените нивоа на јаглерод влијаат погубно на природата, а тоа се гледа, на пример во промените во климата. Но, научниците дошле до сознанија дека тоа лошо влијае и на учењето кај децата.

И досега се знаеше дека непроветрена просторија им попречува на умствените способности, како и на концентрацијата. Но, досега не беше проучено влијанието на „свежиот“ воздух однадвор, што веќе е, исто така, прилично загаден.

При испитувањата, се дефинирани две тези. При пооптимистичкото сценарио, умствените способности на учениците ќе се намалат за 25 отсто до 2100 година, но во случај ако уште од сега се намалат издувните гасови.

Доколку нивото на штетни честички во воздухот остане на сегашното ниво, луѓето до крајот на векот ќе бидат, во просек, за 50 отсто помалку интелигентни.

Во 2015-та година, стручњаци од Харвард спровеле сличен експеримент. Имено, тие натерале 24 лица доброволци да минат шест работни дена во лабораториски контролирани услови, при што нивоата на јаглеродниот диоксид варирале. Така, секое попладне испитаниците требало да се справат со задачи од секојдневието. Компјутерска програма покажала дека кога нивоата на гасот се зголемени, луѓето имале тешкотии со анализирање податоци, правење планови, носење одлуки, како и намалена способност да реагираат на криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби