Кошмарите помагаат за подобро справување со секојдневниот стрес

Швајцарски и американски научници спроведоа експеримент со кој, како што тврдат, успеале да одговорат на прашањето – зошто луѓето имаат кошмари?



Според научните сознанија, тоа е еден вид „тренинг“ за нервниот систем, којшто му помага на човекот да се избори со негативните чувства во вистинскиот живот. Односно, она што лицето го чувствува во сонот го подготвува за можни очекувани стресови во иднина.

– Особено се сосредоточивме на стравот – околу тоа кои делови од мозокот се активираат кога сонуваме лошо, истакна професор Лампрос Перогамврос од Универзитетот во Женева и еден од раководителите на истражувањето.

Досега беше јасно дека на тој начин, потсвеста се обидува да ни помогне во решавањето на некој проблем. Освен тоа, не знаеме многу за соништата и начинот на којшто тие влијаат на нашиот живот, во смисла – дали потсвеста секогаш низ сонот комуницира со нас.

Анализата на одговорите на испитаниците во експериментот, покажа дека има две области во мозокот одговорни за кошмарите. Тоа се инсулата и средниот мозочен кортекс.

Во натамошните проучувања, научниците утврдиле дека луѓето кои подолго и почесто имаат кошмари, поприсебно реагираат на негативните нешта во животот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби