Како настанува мамурлакот и таканаречените „блекаути“ ?

Овој период се пие повеќе алкохол од вообичаено, што секако знае да доведе до мамурлак, но и до т.н „блекаут“ (blackout) – состојбата кога не се сеќаваме на ништо што се случувало додека сме биле под дејство на алкохол.

Што точно, според науката, се случува во нашиот организам кога пиеме алкохол и се будиме мамурни?



Алкохолот од стомакот оди во тенкото црево каде бргу се апсорбира во крвотокот, а оваа апсорпција е побавна доколку претходно имаме јадено (што е причината да не се пие „на гладно“).

„Блекаут“, пак, не е исто што и онесвестување, бидејќи во таа состојба сè уште сме свесни и можеме да разговараме, со тоа што на ништо од тоа нема да се сеќаваме по будењето.

Штом алкохолот во крвта достигне одредено ниво, мозокот едноставно запира со формирање на нови мемории, а доколку сте испиле премногу, не постои начин за брзо отрезнување. Eдинственото нешто што може да ве отрезни е времето, за да алкохолот се процесира и елиминира од телото.

Кофеинот во кафето, на пример, може да направи да се чувствувате потрезни т.е побудни, но не помага за разложување на алкохолот. Истото важи и за студениот туш, вежбањето, потењето, пиењето вода, излегување на свеж воздух и сл. Сите овие работи може само да ве направат повеќе будни, но немаат никакво влијание на концентрацијата на алкохол во крвта или на ефектите од алкохолот.

Истражувачите немаат идентификувано единствена причина за мамурлакот, но постојат повеќе возможни причинители.

Алкохолот е диуретик и нè тера почесто да уринираме, што пак може да доведе до дехидрација. Ова е чест случај кога сте во затворен простор каде се потите, или кога играте.

Дехидрацијата може да не направи поспани и летаргични, додека алкохолот ја иритира поставата на стомакот, предизвикувајќи повраќање или дијареа, како и нерамнотежа на електролити. Таа нерамнотежа исто така може да предизвика чувство на замор, гадење, мускулна слабост или грчеви.

Премногу алкохол, пак, предизвикува ширење на крвните садови, што доведува до главоболка, која значително се засилува со нерамнотежата на електролити и дехидрацијата.

Алкохолот влијае и на продукцијата на гликоза, што резултира со намалување на нивото на шеќерот во крвта, што исто така предизвикува чувство на слабост. Не постои лек за мамурлак, освен да му се даде време на телото да одмори и метаболизира алкохолот и да ја поправи штетата од пиењето.



Алкохолот влијае на многу начини на мозокот, а покрај топлото, релаксирано чувство после неколку пијачки, тој може да предизвика е анксиозност утрото потоа. Причината за тоа е што тој ја стимулира продукцијата на хемикалијата во мозокот наречена GABA, која го смирува мозокот, а ја блокира продукцијата на глутамат, хемикалија асоцирана со анскиозноста - што доведува до чувството на веселост и релаксираност. Меѓутоа, мозокот сака да биде балансиран, па како резултат на ефектите од пиењето продуцира повеќе глутамат и ја блокира GABA – комбинација што предизвикува анксиозност и раздразливост утрото по пијанството.

Доколку веќе сте анксиозна личност, алкохолот може привремено да ве опушти, но ризикот од појавата на анксиозност следното утро значително се зголемува.

За да се намалат овие ефекти, најдобро е да не се пие на празен стомак, помеѓу алкохолните пијалоци да се пие вода, да се избегнува мешање на различни видови на алкохол, и истиот да се пие побавно (и да се избегнуваат т.н „шотови“).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби