Колку алкохолот го старее мозокот?

Сите знаеме дека алкохолот има полно негативни ефекти врз здравјето – го пореметува сонот, дебелее и предизвикува оштетување на црниот дроб.



Но, сè повеќе истражувања се фокусираат на долгорочните ефекти кои алкохолот ги има врз мозокот.

Една студија од 2018-та открила дека луѓето кои редовно пијат повеќе од 10 милилитри/8 грама алкохол неделно, имаат зголемен ризик од деменција, а сега во една нова студија биле откриени драматичните ефекти кои алкохолот ги има во однос на стареењето на мозокот.

Според ова истражување, секој грам алкохол дневно го старее мозокот за 0.02 години.

За потребите на истражувањето, научниците од универзитетот на Јужна Калифорнија анализирале мозочни скенови од 17308 луѓе, на возраст помеѓу 45 и 81 година, а потоа компјутерски била анализирана мозочната старост на мозоците од скеновите.

Потоа, тие резултати биле споредени со хронолошката старост на учесниците и нивните извештаи во поглед на тоа колку пијат и пушат.

Како резултат на сето тоа, било заклучено дека само еден грам алкохол дневно го старее мозокот за 0.02 години, што е округло една недела. Имајќи во предвид дека стандардна чашка вино или флаша пиво содржи околу 14 грама алкохол, се работи за значително оштетување.

Во студијата било откриено и дека мозоците на луѓето кои пријавиле дека пијат секој ден изгледале во просек 5 месеци постаро во споредба со оние кои консумирале поуменерна количина алкохол.

Ефектите од пушењето, пак, биле многу посериозни. Мозоците на оние кои пушеле кутија цигари дневно подолг временски период, биле 6-7 месеци постари во споредба со оние кои пушеле повремено, или воопшто не пушеле.

Секако, постојат бројни други фактори кои имаат ефект на мозочното здравје, како што се храната која ја јадеме, колку вежбаме и сл – но студијата за ефектите кои алкохолот го има врз стареењето на мозокот (една од најголемите од овој вид), дефинитивно сугерира дека е пожелно да се намали консумирањето на алкохол доколку сакаме да го избегнеме предвремениот когнитивен пад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби