Последниве години се раѓаат сѐ повеќе близнаци во светот

Рекорден број близнаци – едно на 40 новороденчиња се раѓаат во последно време, според студијата објавена во научното списание „Human reproduction“. Во неа се наведени медицински концепти како главен фактор во зголемувањето на бројот близначиња.



Така, сега се раѓаат повеќе од 1,6 милиони близнаци секоја година. Бројот на идентични близнаци, сепак, останува непроменет.

– Релативниот и апсолутниот број близнаци во светот, по средината на 20 век е најголем сега и веројатно е најголем и во историјата, смета професорот Кристијан Монден од британскиот Универзитет Оксфорд, и еден од авторите на трудот.

Раширеноста на новите медицински технологии кои помагаат во зачнувањето во развиените земји уште од 1970-тите, придонесе за нагорна линија во однос на повеќеплодната бременост. Како што вели трудот, таков е и случајот со фактот дека мајките раѓаат и подоцна, кога е поверојатно да забременат со близнаци.

Употребата на контрацепција, тоа што жените на подоцнежна возраст раѓаат, како и целокупната пониска плодност, исто така, имаат влијание врз зголемувањето на бројот на родени близнаци. Научниците собраа податоци од 135 земји во периодот 2010-2015 година, заради истражувачки цели.

Тој број е највисок во Африка. Стручњаците тоа го објаснуваат со разлики во гените меѓу луѓето на тој континент и остатокот од светот.

– Зголемениот број на близнаци во посиромашните делови на светот е загрижувачки поради зголемените опасности при породување. Раѓањето на близнаци е поврзано и со поголема стапка на смртност кај новороденчиња и деца и поголем број компликации кај бремени жени и деца за време на бременоста – за време и по породувањето, вели Монден.

Д-р Џерун Смит смета дека треба да се посвети поголемо внимание на судбината на близнаците родени во сиромашните и земјите со среден приход.

– Особено во Субсахарска Африка, многу близнаци ќе ги загубат своите браќа и сестри во првата година од нивниот живот. Тоа се меѓу 200.000 и 300.000 секоја година, според нашето претходно истражување, вели тој.

Научниците велат дека зголемувањето на бројот на близнаци е резултат и на зголемувањето на бројот повеќејајчени бремености во коишто, на пример истовремено се оплодуваат две јајце-клетки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби