Совети за мирен и квалитетен сон без кошмари

Мирен и квалитетен сон е предуслов за добро расположение и непречено извршување на секојдневните обврски. Од друга страна, лошиот сон и кошмарите можат да го уништат сето тоа. Според стручњаците, постојат низа методи со кои може да се избегнат кошмарите.



Тереза ​​Чеунг, автор на ,,The Dream Decoder” се обидува да ја расветли рутината на спиење што е најсоодветна за речиси совршен ноќен сон. Според неа, избегнувањето кошмари е едноставно и произлегува од воспоставување редовна рутина. Нејзините главни совети вклучуваат заспивање пред полноќ, редовен сон и строго определено време на будење.

– Биолошкиот часовник на телото е моќна работа и ако го смените времето за спиење, тоа ќе предизвика кошмари, вели таа.

Консумирајте зеленчук! Истражувањата покажуваат дека луѓето кои земаат одредено ниво витамин Б-6 можат подобро да ги запомнат своите соништа и да имаат појасни визии во соништата. Така, јадењето спанаќ може да помогне за поубав ноќен сон.

Редовно истегнувајте се! Освен утринската гимнастика и истегнувањето пред спиење му помага на телото за поквалитетен одмор. Намаленото ниво на стрес значи дека ќе спиете подобро.

Бања пред спиење… Не дека ни треба посебен изговор за опуштање вo када, но дури и 10 минути поминати во бањата може да имаат позитивно влијание врз спиењето и соновите.

– Причината што топлата бања може да Ви помогне, е тоа што температурата на Вашето тело треба да се намали пред да почне сонот. Топла бања еден или два часа пред спиењето, може да помогне во овој природен процес, објаснува Тереза Чеунг.

Следниот нејзин совет гласи: Гледајте ја Месечината!

– Ова е еден од понеконвенционалните совети, но со подолг поглед кон Месечината додека лежите и „потонувате“, Вие всушност се поврзувате со „внатрешното јас“, истакнува таа.

Според мистичните сознанија, Месечината владее со нашата интуиција и соништата.

– Па така, ако можете да ја гледате Месечината преку прозорецот ноќе, сосредоточете се на неа, но не подолго од 10 минути, вели Чеунг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби