5 навики опасни колку и пушењето цигари

Познато е колку е штетно тутунот за човековото тело. Но, современото живеење се одликува со нови навики кои постепено го изместуваат тоа од врвот на списокот смртоносни навики. Следат пет навики присутни во нашето секојдневие, а кои, како што предупредуваат некои американски научници, се барем еднакво опасни како и пушењето.

Осаменост



Најновите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е исто толку штетна за нашето здравје, како и што било друго од врвот на „смртоносната“ листа. Социјалните мрежи и сѐ пореткото излегување „во живо“ со пријатели водат до осаменост, која денес добива неверојатни размери.

Професорот по психологија на Универзитетот „Бригам Јанг“, Жулиен Холт Лунстад вели дека влијанието на осаменоста врз намалувањето на животниот век е еквивалентно на пушење 15 цигари на ден.

„Седечки начин“ на живот

„Седечкиот начин“ на живот го зголемува ризикот од развој на неколку видови рак, открива истражување од 2014 година. На секои дополнителни два часа седење се зголемува опасноста од рак на дебелото црево, на ендометриумот, на белите дробови, без оглед на вежбањето во текот на денот. Дури и со редовно вежбање, седењето повеќе од осум часа на ден го зголемува ризикот од повеќе здравствени проблеми.

Недоволно спиење



Научници посочуваат дека 50 до 70 милиони луѓе во САД, на пр., страдаат од нарушување во спиењето. Недоволното спиење, предупредува професорот од СЗО, Валери Гафаров, ја зголемува опасноста од мозочен или срцев удар во иста мера како и секојдневното пушење.

Солариум

Иако користењето солариум навидум изгледа само како замена за сончањето, тоа може да биде исто толку опасно за организмот како и пушењето. Уште во 2014 година, дерматологијата докажа дека прекумерната употреба на солариум предизвикува рак на кожата и белите дробови, и тоа повеќе отколку цигарите.

Нездраво јадење

Слатката и преработена храна богата со заситени масни киселини придонесува за развој на потенцијално смртоносни болести, како и пушењето. Во 2016 година, истражувачи кои испитувале смртни случаи како резултат на неухранетост, заклучиле дека смртноста ја надминува онаа поврзана со алкохолот, лековите и тутунот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби