4 знаци кои покажуваат дека на телото му недостига железо

Еден од најважните минерали потребни за правилна функција на организмот е железото, кое овозможува црвените крвни клетки да пренесуваат кислород до мускулите, што пак е особено важно за време на било која физичка активност.

Железото игра улога и во метаболизирање на јаглехидратите, кои се примарен извор на гориво за мускулите при активности со силен интензитет.

Тренирањето додека организмот има ниско ниво на железо може да доведе до воспалувања кои можат да предизвикаат ослободување на молекулот хепцидин од црниот дроб, кој го спречува железото да биде употребено од телото, дополнително зголемувајќи го неговиот дефицит.

Еве некои знаци кои покажуваат дека можеби нивото на железо во крвта ви е прениско:

1) Секогаш сте уморни



Бидејќи нема доволно железо за црвените крвни клетки да го транспортираат кислородот и отстрануваат јаглеродниот диоксид, целиот тој процес се одвива многу побавно, што резултира со чувство на умор.

Дефицитот на железо го зголемува уморот на мускулите и ја влошува издржливоста и аеробниот капацитет доколку се занимавате со некоја фитнес активност.

2) Кожата ви е побледа од вообичаено

Ова е уште еден сигнал за ниско ниво на железо во крвта, бидејќи тоа му ја дава црвената боја на хемоглобиниот. Во тој случај, избледување може да се забележи и на непцата и ноктите.

3) Екстремитетите ви се студени



Недостатокот на железо предизвикува недостаток на кислород во крвта, па така телото крвта ја извлекува од екстремитетите и ја насочува кон поважните органи како мозокот, срцето, бубрезите, црниот дроб и белите дробови. Ова може да резултира со постојано студени прсти на рацете и нозете.

4) Срцевите отчукувања се невообичаено високи

Просечниот број на отчукувања на срцето при мирување се помеѓу 60 и 100 bpm (beats per minute/отчукувања во минута), додека кај оние кои се занимаваат со некоја спортска активност (како трчање) тој број е помал бидејќи кај нив срцето не треба да работи толку интензивно бидејќи е „навикнато“ на постојан напор.

Во случај на недостаток на железо, бројот на срцеви отчукувања се зголемува за да тоа побрзо ја пумпа оксидираната крв до органите.

Доколку искусувате било кој од горенаведените знаци, задолжително проверете го нивото на железо во крвта кај доктор, кој ќе ви препорача адекватна терапија која во зависност од сериозноста може да вклучува повеќе храна богата со железо, или пак суплементи кои содржат железо во големи концентрации (за посериозни случаи).

Храна богата со железо се школки, црвено месо, остриги, јајца, лосос, тофу, суво грозје, цели зрна, спанаќ и мешунки, и истата треба да е дел од сечија исхрана.

На просечен човек му требаат околу 8mg железо дневно, додека на жените за време на менструација таа бројка изнесува 18mg за да го надоместат губитокот од крв.

За подобро апсорбирање на железото во крвта, храната богата со железо комбинирајтe ја со суплементи кои содржат витамин Ц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби