Дали она што го јадеме може да влијае врз лековите кои ги земаме?

Некои лекови треба да се земаат на празен стомак, додека други мора да се земаат со храна - ова се основните упатства што ги добивате на пакетчето за да се осигурате дека лековите што ви се препишани функционираат како што треба.



Но, дали и она што го јадете и пиете може да има значително влијание?

Истражувањето на Медицинскиот колеџ во Висконсин во САД сугерираше дека некои вештачки засладувачи можат да влијаат на начинот на кој телото метаболизира одредени лекови, вклучувајќи антибиотици, антидепресиви и антивирусни средства.

Студијата базирана на лабораториски истражувања покажа дека некои вештачки засладувачи ја нарушиле функцијата на протеинот во црниот дроб кој помага да се отстранат токсините и лековите од телото. Сепак, научниците потенцираат дека ова е само прелиминарна работа и „потребни се повеќе истражувања“.

Ова не е прв пат определен тип на храна да влијае врз начинот на кој што се апсорбира некој лек. Цитрусното овошје, особено грејпфрутот, е познато дека ја нарушува апсорпцијата на најмалку 85 различни лекови, од статини до антидепресиви.

Тоа е затоа што овие плодови содржат соединенија наречени фуранокумарини кои можат да се мешаат со определен ензим во нашето тело кој ги разградува овие лекови, што потенцијално ќе доведе до опасно високи нивоа во нашиот крвоток.

Ако во исто време пиете сок од грејпфрут или јадете овошје фуранокумарините го спречуваат ензимот да ја врши својата работа.

-Оваа интеракција делумно се јавува во цревата, овозможувајќи зголемена апсорпција, но исто така и во црниот дроб, спречувајќи го постепено да го отстранува лекот во часовите по апсорпцијата. Ова значи дека целокупната изложеност на лекот може значително да се зголеми, што ќе резултира со токсични ефекти, вели Сајмон Максвел, професор по клиничка фармакологија на Универзитетот во Единбург.

Понекогаш ефектот на храна или пијалокoт може да биде и позитивен.

На пример, познато е дека пиењето едно еспресо може да го подобри ефектот на парацетамолот бидејќи кофеинот што го содржи ја забрзува апсорпцијата на лекот во цревата, вели Ејдан Гогинс, фармацевт од Лондон, специјализиран за интеракции помеѓу храна и лекови.

Истражувањата за тоа како храната има интеракција со лековите се сè уште во зародиш и досега многу такви врски биле пронајдени случајно или биле откриени многу подоцна откако лекот станал широко достапен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби