среда, 22.02.2012

IDIVIDI Мени

Реална опасност од виртуелниот свет

Децата кои имаат добар, емоционално топол однос со родителите, кои имаат поддршка и здрави социјални односи со врсниците поретко се жртви и чинители на каков било облик на насилство меѓу врсниците.

Иако без физички контакт, интернетското насилство над децата за последица има непоправлива штета. Како последица од злоставувањето во виртуелниот свет, на кое ширум врата отвораат и разни општествени мрежи, се јавуваат потиштеност, тага, гнев, затворање во себе, изолирање од социјални ситуации, а во екстремни случаи и самоубиства. Иако возрасните се поопасни, интернетски злоставувачи можат да бидат и деца. За тоа последните месеци сведочеа неколку примери на злоставување меѓу врсници, кога на тие деца системот не можеше (или не сакаше) да помогне. На крајот жртвите мораа да се селат во друго училиште или средина, додека докажаните злоставувачи мирно и без никакви санкции продолжуваа во средините во кои живеат. Затоа политичарите, кои најавуваат воведување на уште повеќе информатика во училиштата, треба да размислат и за едуцирање на децата за овој проблем.

Голема одговорност лежи на родителите кои мораат да најдат начин да го заштитат своето дете, но и да спречат да го злоставуваат други деца. Само 2,5 отсто деца се поврзуваат на интернет со контрола на родителите, додека дури 36 отсто родители воопшто не ги интересира што прави нивното дете. Тоа сосема сигурно е последица на забрзаното животно темпо, но и од многу социјални и општествени околности кои доведуваат до тоа многу деца поголемиот дел од денот да бидат препуштени сами на себе. Едно од последните истражувања покажа дека вработените родители со децата поминуваат 4,7 часа во работна недела.

Меѓутоа, да се заштити детето од насилство на интернет не е невозможно. Експертите на прво место ја ставаат добрата и отворена комуникација, взаемното почитување, грижата и заинтересираноста за интересите на детето, потребите и активностите. Децата кои имаат добар, емоционално топол однос со родителите, кои имаат поддршка и здрави социјални односи со врсниците се поретки жртви на кој било облик на насилство меѓу врсниците, па и преку интернет. Ако на такви деца се случи да бидат жртви на облик на насилство на мрежите, поголема веројатност е дека ќе се доверат на родителите и ќе побараат помош.



Наjновo од Стил
Кое е најдоброто име за вашето дете?
Реална опасност од виртуелниот свет
Голи на писта? Да и тоа е мода!
За мажите со мал пенис
Yugo Nostalgia: нов дизајн за популарното „југце“
Жешка галерија од карневалската лудница во Рио де Женеиро фото галерија
Женски митови кои не држат вода
Зошто хот јогата е хит во светот?
Класичните бајки премногу страшни за малите деца
Навики кои ви ги уништуваат забите
Сексуалната активност добра за срцето
Млекото го чува помнењето и срцето
Во САД се повеќе хоспитализирани деца поради злоупотреба
Инфекцијата со ХПВ мора да ја сфатите сериозно!
Газираните пијалаци ги зголемуваат шансите за срцев удар?!
Високо ниво на тестостерон предизвикува агресивност
  IDIVIDI Сервиси
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи