Старите билкари, но и Шекспир тврделе дека мирисот на рузмаринот го подобрува помнењето. Сега научниците го докажаа дека тие биле во право. Ако го вдишете мирисот на оваа лековита билка, можете да го зголемите помнењето за 75 отсто.
Истражувањата на психолог од Универзитетот Northubria во Велика Британија, покажаа дека етеричното масло од рузмаринот помага во зајакнување на долгорочната меморија и концентрација. Ова би можело да помогне на оние кои забораваат да земат лек или на оние кои забораваат значајни годишнини.
- Серијата на тестови покажа дека есенцијалното масло од рузмарин ги подобрува шансите да се сетите на некоја задача за дури 75 отсто во споредба со луѓето кои не биле изложени на мирисот. И нашите претходни студии покажаа дека мирисот на рузмарин ја подобрува долгорочната меморија и менталните способности. Овој пат ние се фокусиравме на способноста на мозокот да во точното време се потсети на некои закажани обврски. Тоа е од суштинско значење за секојдневното функционирање, како на пример кога некој треба да земе лек, да испрати честитка, да се јави на телефон, вели Марк Мос, водичот на истражувањето.
Неколку капки од етеричното масло било распрскано во собата за тестирање само пет минути пред волонтерите да влезат во собата. Додека тие биле изложени на мирисот од рузмарин, се потсетиле дека треба да завршат седум задачи, додека останатите се сетиле многу побавно.
Во современата билна медицина рузмаринот се користи и како благ аналгетик, против мигрена и дигестивни проблеми.