Шипката го јакне имунитетот

Благодарение на големото количество витамин С и минерални материи ги зголемува одбрамбените способности на организмот, а оваа билка го регулира и варењето и е добар диуретик



Шипката е вистински и драгоцен зимски извор на витамини. Плодот содржи до 1400 мг% витамин С, а листот околу 3 пати помалку. Според количеството на витамин С плодовите од шипка спаѓаат помеѓу билките со најголема содржина. Така 100 грама шипка имаат витамин С исто колку и 1 килограм лимони. Покрај тоа, содржи уште и витамини В, D, Р и Е витамин. Има уште и каротен (провитамни А), а од минералните материи тука спаѓаат јаболкова и лимонска овошна киселина (1,3%), инвертен шеќер (2,6%) и сахароза (1,4%). Има доста и танини и флавоноиди.

Благодарение на големото количество посебно витамин С, шипката може да се користи за јакнење на имунитетот и како превенција од грип, респираторни инфекции и настинки, или кога ќе дојде до нив. Плодот од шипка е одлично тонизирачко средство затоа што дава чувство на крепкост и свежина. Посебно е корисен кај доилки и трудници, како и за сите во текот на пролетта после едноличната зимска храна, а вистински е мелем после празници и слави.

Шипката ги ублажува и летните проливи кај децата, каде што важна улога имаат танините, пектините и растителните киселини кои делуваат бактерицидно. Исклучително билно витаминско-минералниот коктел од шипка нашол своја примена во лекувањето на слабокрвност и анемија. Додека плодот од шипка делува против деијареа (пролив), чајот од ливчиња од цветот делува против опстипација (затвор).

Оваа билка го регулира варењето - ги елиминира грчевите во желудникот, напнувањето, мачнината, а ја урамнотежува и работата на црниот дроб и жолчката. Таа е честа состојка на чајните мешавини и кај чирот на желудникот, а многу добро го стимулира апетитот. Шипката е добар диуретик, при што не ги надразнува бубрезите, а превентивно делува на создавањето на камен во бубрегот и бешиката. Одлично делува против воспаление во уринарните патишта.

ЧАЈ ОД ПЛОДОВИ ОД ШИПКА



Највообичаен начин на приготвување на овој чај е една до две лажици иситнети плодови од шипка да се стават во 250 мл ладна вода, да се остави да се вари во текот на 5 минути. Вообичаено е со ваквиот начин на приготвување количеството на витамин С во чајот и понатака да остане високо. Со додавање на сок од лимон и малку мед да се добие многу убав вкус на чајот.

ЧАЈНА МЕШАВИНА ПРОТИВ НАСТИНКА

Потребни се: 9 лажици цвет од липа, 9 лажици цвет од бозел, 9 лажици плодови од шипка, 7 лажици листови од коприва и 6 лажици цветови од камилица. Сите состојки добро се мешаат, па 4 лажици од чајната мешавина се прелеваат со 3 шолји зовриена вода. Се покрива и се остава да стои еден час. Се процедува и вкупното количество чај се дели во три дневни дози. По желба се засладува со мед.

За прочистување на организмот

Три лажици смеша од 20 гр. шипинки, 10 гр .бобинки од смрека, 10 гр. рачки од вишна и 10 гр. коса од пченка се вари 5 минути во пола литар вода. После три часа се цеди и пие наместо вода.

За подобар апетит

Две лажици смеша од 25 гр. шипинки, 20 гр. кора од портокал и 20 гр. црвен кантарион се прелева со ¼ литар топла вода. Се покрива и остава да отстои 5 минути, се цеди и пие по една шолја незасладен чај 30 минути пред јадење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби