Како да се спречи и излекува анемијата

Симптоми

Слабокрвноста предизвикана од значителен дефицит на хемоглобин доведува до замор, инертност и главоболка. Ако станува збор за тешка анемија, физичката активност предизвикува вртоглавица, задишаност, болки во градите и биење на срцето. Поради овие нарушувања се прават ранички на јазикот и во аглите на усните, косата паѓа, ноктите се суви, тенки и кршливи, а во посериозни случаи се јавува и бледило. Може да дојде до губење на менструација, на либидото, до проблеми со метаболизмот, жолтица и зголемување на слезината.



Како да се спречи слабокрвноста?

Ризикот од појава на ова нарушување релативно е мал кај лицата кои правилно се хранат. Сепак, ако се губи крв поради долготрајни и болни менструации, нелекувани хемороиди или крварење во системот за варење, потребна е исхрана, богата со железо. јадењата треба да се збогатат со џигер, црвено месо, риба, жолчки, сушено овошје, производи од соја. Треба да се јадат производи што имаат многу витамин Ц бидејќи го забрзува апсорбирањето на железото. Со јадењето може да се испие и чаша сок од портокали. Треба да се внесува многу кромид и лук, грав, грашок, костеливо овошје, семки, зелен лиснат зеленчук (како магдонос, коприва, коријандер).

Рецепти...

Коприва против анемија

По 15 листови од коприва, ајдучка трева, рибизла и шипка се прелеваат со ½ литар студена вода, се покрива и се остава преку ноќ. Потоа се вари 2 минути, а кога ќе се излади, се процедува и се зема по една шолја три пати дневно пред јадење. После три консумирања од оваа напивка се прави куса пауза. На ист начин може да се подготви чај од 25 гр. листови од коприва и исто толку од тревата камшиче или по 25 гр. листови од коприва и пупки од мајски рози. Се пие пред јадење.

Свила од пченка

Во фаза на растење, кога пченката сеуште е во млечна состојба, треба да се соберат несозреаните кончести врвови и да се исушат на ветер. Од вака исушеното растение се вари чај. Една дланка од свилата се додава во ½ л вода и се вари 2 минути. Се пие три пати дневно по една шолја.

Јаболко

Секое утро пред било што друго треба да се изеде едно јаболко прелиено со сок од ½ лимон, лажица домашен шумски мед и лажица сок од тегавец и дренки.



Мед

Половина кгр. ливадски мед, 150 гр. полен во прав и 5 гр. млеч се мати во пластичен сад. Кога смесата ќе се изедначи се става во теглички и се чува на темно и студено место. Се зема по едно лажиче наутро пред јадење и навечер пред спиење.

Чај од глуварче

Лажица од ова растение се става во ½ л зовриена вода и се остава да отстои 15 до 20 минути. Се процедува и пие на голтки во текот на денот. Лекувањето трае од 2 до 4 недели.
Капина

Против слабокрвност одлични се виното од капини, плодот од капината, чај од нејзините листови и сок од коренот што се подготвува на следниот начин:1 кгр. корен од капина се мие додека побелее, а потоа ситно се сечка. Се прелева со 3 литри вода и додека количината не се намали на 1 литар. Се додава литар црвено вино и 1 кгр. шеќер и пак се вари додека остане 1 литар. Секојдневно се зема по една лажичка на ден пред јадење.

Чај од валеријана и листови од орев

8 гр. валеријана, 6 гр. млади листови од орев и 20 гр. корен од коприва се вари во 0, 75 л вино и се засладува со 3 лажици мед. Во текот на денот се пијат по 2 филџани од оваа напивка.

Растителна смеша

Се прави смеша од: 40 гр. кора од врба, 40 гр. листови од ајдучка трева, 40 гр. листови од диво нане, 40 гр. листови и цветови од вреска, 30 гр. ситно сечкана дабова кора, 30 гр. листови од жалфија, 30 гр. стебленца од коњско опавче, 30 гр. стебленца од ива (вид врба), 30 гр. листови од пелин, 20 гр. стебленца од тимијан, 20 гр. стебленца од мајчина дшичка, 20 гр. листови од целер и 10 гр. магдонос. Десет грама од подготвената смеша се става во еден литар зовриена вода. Се покрива и вари една минута. Пред и после јадење се зема по половина шолја изладен чај, три пати дневно.

Тинктура против анемија

Треба да се проба чај или тинктура од киселец бидејќи во тоа растение има многу железо, како и чај или тинктура од глуварче или магарешки трн кои ја забрзуваат неговата апсорпција. Ако се појави слабокрвност, се пие чај или се зема тинктура добиена од боз или јачмен.

Коприва

Коприва и јаглика

Две лажици корен од коприва се вари 5 минути во 1 л вода, се додава две лажици листови и стебленца од ова растение и се вари уште 7 минути. Пред крај се додава 2 лажици листови и стебленца од јаглика. Се процедува и се остава 1 час, се засладува со мед и се пие по малку во текот на целиот ден.

Со цвекло против леукемија

Пред неколку децении во медицинските кругови како бомба одекна тврдењето на некои научници дека лошиот тумор може да се излекува со редовно консумирање на сок од цвекло. Современата медицина тоа го отфрли, но на цвеклото и понатаму му се признаваат моќните антиканцерогени својства, особено значајно како лековито средство во терапијата на леукемија бидејќи содржи антоцијан, материја што се покажа ефикасна во сузбивањето на овој вид на рак.

Сок од цвекло

Се лупи свежо цвекло, се ренда ситно, потоа се цеди. Се додаваат две чешнина ситно сечкани лук и се остава преку ноќ да отстои. Се пие по една мала чаша наутро и пред спиење.

МИРИЗЛИВА ЖОЛТА ДУЊА



Ја лекува слабокрвноста

За лековитоста на ова овошје малку се знае, а во народната медицина се користат нејзиниот плод, листови и семки. Плодот е извонредно средство за лекување на анемија. Слузта добиена од семето на дуњата се користи при превивање рани што се прават од долготрајно лежење и изгоретини. Благотворното дејство на ова растение се гледа и во лекување на воспаление на очите, испукана кожа и при лекување на слузницата од грлото до хранопроводот, крајниците и дишните патишта. За санирање на воспаление на желудникот и цревната слузница се препорачува варена дуња. Дуњите брзо оксидираат и потемнуваат, затоа се препорачува да се стават во вода со лимон. На собна температура може да се чуваат недела-две со добро струење на воздухот, а во фрижидер и подолго.

Ликер од дуња

Здрав ликер од дуња се добива со конзервирање на дуњата што се става во поголем стаклен сад, се прелева со мед и по желба со ракија и се остава да отстои некое време.

Против кашлица и слабокрвност

Кога пченката сеуште е во “млечна” состојба, се собира свилата и се суши на провев во сенка. Дланка од свилата се става во ½ литар вода и се вари 2 минути. Се пие три пати дневно по една шолја од овој чај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби