Помош! Моето дете има вошки!

Почетокот на учебната година носи многу предизвици, меѓу кои и справувањето со вошките кои што ненадејно може да се најдат во косата на вашето дете. За да не се доведете во ситуација кога единственото решение ќе биде кратење на косата, прочитајте нешто повеќе за вошките и за тоа како навремено да реагирате.

Помош! Моето дете има вошки!

Многумина веруваат дека вошките се размножуваат во косите на оние деца кои слабо одржуваат хигиена или пак имаат лошо здравје. Сепак, вистината е дека овие штетници може да се најдат и во совршено здрава и чиста коса.

Првиот симптом дека вашето дете има вошки е постојаното чешање во главата. Откако ќе го прегледате неговиот скалп лесно ќе забележите вошки кои се движат и јајца (гниди) кои се прицврстени на самите влакна. Вошките се пренесуваат од лице на лице преку физички контакт, користење на заеднички четки за коса како и најразлични шапки и други украси за коса.

Што треба да направите?

Пред да посегнете по ножиците имајте предвид дека со тоа нема да ги отстраните вошките од косата на вашето дете. Тие ќе продолжат да се размножуваат, доколку не пронајдете ефикасен начин за да се справите со нив. За најдобро уништување на вошките и гнидите се препорачува комбинација од посебен шампон и чешел наменет за отстранување на гниди. Како шампонот така и чешелот може да ги најдете во било која добро снабдена аптека.

Шампонот мора да се нанесе на сите делови од косата за да дејствува ефикасно. Повеќето шампони ги убиваат вошките, но не и нивните јајца, па токму затоа е потребно да го повторувате третманот на определен временски период и да го користите чешелот. Кога нанесувате било каков продукт прекријте ги очите на вашето дете за да не дојде до несакани последици предизвикани од хемикалиите кои се во шампонот.

Помеѓу третманите барем два пати во неделата на сува коса нанесете регенератор. Потоа постапете на следниот начин

  • прекријте ја целата глава со средството
  • соберете ја косата со помош на шнола
  • оставете да дејствува 5 минути
  • поделете ја косата на два дела и започнете да ја чешлате со специјалниот чешел
  • отстранете го регенераторот од чешелот со помош на салфетка или тоалетна хартија и забележете дали на неа има вошки и гниди
  • убаво измијте ја косата, но и самиот чешел (потопете го во жешка вода)
  • Кога еднаш ќе се ослободите од вошките секогаш имајте предвид дека можно е повторно да се вратат, особено ако детето кое што му ги пренело на вашето дете се уште ги има. Затоа редовно прегледувајте ја косата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби