Од главата до петиците, нашето тело е полно со изненадувања. Еден дел од него старее „достоинствено“, друг може да биде брз како Ферари, додека трет може да ви помогне лесно да откриете потенцијален партнер.
Еве неколку неверојатни факти за женското тело кои ќе ве изненадат, забавуваат и шокираат.
Еден таен дел од жените старее побавно
Кога јапонските научници ја проучувале крвта на здрави волонтери на возраст од 20 до 90 години, откриле дека внатрешните клетки за зачувување на младоста, односно имунолошкиот систем, побавно старее кај жените отколку кај мажите.
Тие заклучиле дека женскиот имунолошки систем подолго останува здрав, што значи дека и покрај седите влакна и борите, во просек жените однатре се многу помлади и здравствено посилни од мажите.
Дел од женското тело постигнува брзина на Ферари
Станува збор за еден многу необичен дел од телото.
Имено, кога се помрднуваат, брадавиците на градите со големина на корпи од Ц или Д може да се движат со брзина која е еквивалент на 47 км на час во една секунда, што е дури и побрзо од Ферари, известуваат научниците. Законите на физиката наведуваат да веруваме дека помалите гради најверојатно се побавни.
Со помош на изразеното сетило за мирис, жените можат многу лесно да го откријат потенцијалниот партнер
Трудниците се познати по тоа што може да намирисаат кеса со чипс во соседната соба. Но, најновите истражувања покажуваат дека жените имаат подобрена способност, односно изразено сетило за мирис во одредени денови од месецот. Имено, истражувачите од Универзитетот во Отава тврдат дека додека жените се во фаза на овулација, имаат способност да ги намирисаат машките феромони.
Не сте единствената жена во просторијата која потајно се ужаснува
Хормоналните промени, друштвениот притисок заради кој може да ви се чини дека другите се посреќни од вас, необичните хемиски процеси во мозокот кои влијаат на тоа како ја обработуваме заканата и слично, се причини заради кои на една третина од жените им е дијагностицирано анксиозно пореметување во некој период од животот.
Оваа вест би можела да биде утешителна кога нареден пат ќе ве обземе неверојатен страв без очигледна причина, да речеме заради безбедноста на детето, кариерата која не ви се одвива според планот или, пак, заради храната која ја јадете. Имајте во предвид дека една третина од жените го делат тоа искуство.
Но, секако треба да знаете дека за било какви проблеми, кои ви изгледаат големи и нерешливи и ве оптоваруваат во поголемиот дел од времето, добро е да се поконсултирате со лекар.