5 решенија за рамен стомак

Ни после неколку месеци вежбање не можете да ги закопчате омилените фармерки? Повеќето жени многу тешко ги губат масните наслаги на стомакот, најчесто заради следните 5 причини, но за секоја од нив постои решение кое ќе ви помогне конечно да имате рамен и секси стомак.



Ви недостасува магнезиум

Магнезиумот му е потребен на човечкиот организам за повеќе од 300 хемиски реакции, вклучувајќи одржување на нормален ритам на срцето, регулирање на нивото на шеќер во крвта и тн. Покрај тоа, овој минерал може да помогне во губитокот на тежина и обликување на телото, а истражувањата покажуваат дека го намалува и задржувањето на течности за време на менструалниот циклус, што значи дека го намалува чувството на подуеност.

Решение: Консумирајте храна богата со магнезиум, како зелен лиснат зеленчук и јаткасто овошје. Можете и да земате таблети со магнезиум како додаток во исхраната. Препорачаната количина за жени до 30 години е 310 мг, додека за постарите од нив се препорачуваат 320 мг.

Правите погрешни вежби



Кога сакаат да ослабат, многу луѓе се фокусираат на статични кардио вежби, како што е трчањето на подвижна лента. Трчањето со исто темпо со времетраење од 45 минути на почетокот ќе ви помогне да ги намалите килограмите, но набрзо метаболизмот ќе ви се навикне и ќе престанете да ги согорувате калориите во оној момент кога ќе се симнете од справата.

Решение: Доколку сакате да се ослободите од масното ткиво на стомакот, правете вежби во кои се употребува сила, како кревање тегови, при кое се ослободува толку енергија што калориите ќе продолжат да се топат и два дена после вежбањето. Најефикасни се вежбите со висок интензитет во интервали, а таква програма на вежбање можете да направите од разни видови на тренинзи, како трчање, пливање, возење велосипед, како и од тренинг на силата.

Не спиете доволно

Недостатокот на сон може да има сериозни последици врз линијата. Истражувањата покажуваат дека жените кои спијат по пет или помалку часови на ден имаат за 32 проценти поголеми шанси значајно да се здебелат во следните 16 години, за разлика од жените кои спијат повеќе.



Покрај тоа, жените кои спијат само 4 часа на ден, најчесто внесуваат повеќе од 300 дополнителни калории во текот на денот, а тоа е само заради фактот што недостатокот на сон предизвикува зголемена активност на хормонот грелин, кој е одговорен за апетитот.

Решение: Обидете се да спиете по 7 до 9 часа на ден. Многу е важен и квалитетот на сонот, па затоа од спалната соба тргнете ги сите електронски уреди кои би можеле да ви пречат. Одржувајте пријатна собна температура – телото најдобро спие кога температурата во просторијата е околу 18 степени. Избегнувајте да внесувате кофеин после ручекот и трудете се да си легнувате и да станувате секој ден во исто време.

Внесувате премногу сол

Доколку се чувствувате подуено после многу солен оброк, не си замислувате само дека е тоа така. Преголемата количина на сол предизвикува водата од крвотокот да отиде во кожата, што предизвикува подуеност.

Повеќето луѓе внесуваат повеќе од препорачаните 2300 мг. натриум на ден. Дури и ако не претерувате со кујнската сол, веројатно внесувате вишок на натриум преку другите намирници, како што се конзервираната храна, сувомеснатите производи, па дури и некои млечни производи.

Решение: Избегнувајте да додавате сол во јадењето. Наместо тоа, вкусот подобрете го со здрави зачини од билки. Во готвењето користете повеќе чили прав, лути пиперки, ким, ѓумбир, босилек, магдонос, рузмарин или цимет.

Пиете газирани пијалаци

Газираните пијалаци се полни со празни калории, а дури и оние на кои пишува дека содржат 0 калории може да предизвикуваат дебелеење. Имено, калоричните газирани пијалаци се поврзани со насобирање на масни наслаги околу струкот и пределот на абдоменот, додека диеталните газирани пијалаци може да доведат до насобирање на масни наслаги околу струкот, но и зголемување на целокупното масно ткиво.



Решение: Прекинете го овој круг консумирајќи вода и незасладен чај со оброците и ова нека ви прерасне во навика. По желба, обичната вода можете да ја засладите со парчиња овошје. Кафето исто така е добро, но трудете се да не го засладувате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби