Факти за бесот кои треба да ги знаете

Бесот е нормален во умерени количини, но доколку со него се претера, истиот може да биде опасен по здравјето. Сепак, понекогаш едноставно не можеме да се воздржиме да не се разбеснеме.

Следните неколку работи е добро да ги знаете за бесот.



Што го предизвикува бесот?

Многу луѓе го опишуваат бесот како нешто што им се случува, а не нешто што потекнува од самите нив. Трауматичните случувања се најчестите виновници за бесот. Дури и најтрпеливите луѓе на светот имаат изливи на бес во одредени ситуации. Гладот, топлото време, болката, дехидрираноста и слично, ги зголемуваат шансите некој да се разбесни.

Бесот е сосема нормална работа, доколку е умерен

Бесот е една од основните човечки емоции со која одговараме на нетипичните и опасни ситуации. Она што може бесот да го означи како добар или лош е начинот на кој реагирате на него.

„Исфрлете сè од себе“ не е најдобрата стратегија

Фрлањето со предмети, викањето, туркањето и сличните реакции на бес можат само да ги влошат работите. На овој начин може да предизвикате бес кај другите, а може и да се повредите самите себе.



Полот игра важна улога

Во западната култура бесот е карактеризиран како машка емоција и затоа момчињата и девојчињата се учат различно да управуваат со својот бес. Момчињата го манифестираат агресивно, додека девојчињата пасивно. Како возрасни, мажите се повеќе склони кон ослободување на бесот физички и импулсивно, а жените потешко успеваат да го исфрлат, заради што подолго остануваат бесни. Ниту еден од овие два екстремни начини не е здрав за справување со стресот.

Бесот влијае на вашето здравје

Бројни научни студии тврдат дека луѓето кои се лесно избувливи, имаат поголеми шанси да доживеат мозочен или срцев удар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби