Напиток кој ќе се избори со вашата несоница

Последица на забрзаниот начин на живот исполнет со стрес, лошиот избор на исхрана и недоволната физичка активност сè почесто се одразува на квалитетот на сонот. Голем е бројот на луѓе кои патат од несоница, а познато е дека недостатокот на сон негативно делува на обавувањето на секојдневните функции. За да бидете наспани и свежи, а на телото да му го обезбедите потребниот одмор, потребно е истото да го опуштите и да го прочистите. Во тоа ќе ви помогне зелениот сок направен од шест моќни пријатели од природата.



Состојки:

- 1 краставица
- 1 парченце од корен од ѓумбир
- 1 сок од лимон
- 2 целера
- 1 зелено јаболко
- 9 стапчиња аспарагус

Подготовка:

Аспарагусот потопете го во ладна вода и оставете ги да отстои пет минути. Краставицата и јаболкото излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Наведениот зеленчук, заедно со парченцето ѓумбир, целерот и сокот од лимон, ставете го во блендер и добро измиксајте.

Напитокот кој го опушта телото најдобро е да се консумира после ручек. Состојките од зеленчукот позитивно ќе влијаат на најчестите причинители на несоницата – потешкотиите при варењето на храната, зголемениот крвен притисок и стресот.

Имено, дури 93 проценти од аспарагусот отпаѓаат на вода, па заради тоа истиот е идеална намирница за здравје на организмот. Покрај тоа, аспарагусот изобилува со витамините А, Ц, К и Е, а претставува и добар извор на растителни влакна. Заради изобилството на фолна киселина која ја содржи, опуштачкото и смирувачко дејство врз организмот е загарантирано.

Минералите и етеричните масла кои се наоѓаат во целерот, пак, имаат смирувачки ефент врз нервниот систем, што е корисно токму во борбата против несоницата. Високото ниво на магнезиум, со кој изобилува целерот, придонесува организмот да се опушти.

Ѓумбирот е се популарен корен кој има силни диуретички својства и смирувачко дејство на системот за дигестија, што е корисно токму во борбата против несоницата, додека високото ниво на магнезиум, кој го содржи, дополнително ќе го релаксира телото.

Иако краставицата е најпопуларно природно средство за отстранување на последиците на стресот и заморот од кожата, овој зеленчук го смирува целиот организам, благодарение на калиумот и магнезиумот кои ги содржи, а кои се погодни за намалување на крвниот притисок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби