ПОМАЛКУ МАСТИ, ПОВЕЌЕ ВИТАМИНИ

Продолжете го својот животен век

Препораки за исхрана на постарите, вообличени во пирамида

Современото човештво се наоѓа во демографска транзиција, бидејќи бројот на постарите од 60 години постојано се зголемува. Според предвидувањата на Светската здравствена организација, популацијата на старите веќе во 21 век ќе биде уште побројна.

Со оглед на тоа што е познато дека исхраната значително влијае врз квалитетот и должината на животот, неопходно е правилно да се храниме, а посебно е важно тоа да го прават луѓето во касно доба.

Основата на пирамидата на исхраната ја сочинуваат 8 чаши течност, односно 2 литри на ден. Водата е важен чинител на исхраната кај сите популациони групи, па и кај старите лица. Познато е дека 70 отсто од телесниот состав на човекот го сочинува водата, но кај старите лица тоа е под 60 отсто. Па, така, кај луѓето во одминати години се намалени резервите на вода. Кај нив постои зголемен ризик од дехидрација поради недоволно внесување или зголемено губење на течност, што претставува закана за нив, особено ако се хронични болесници. Со оглед на тоа што чувството за жед кај оваа популација е намалено, многу стари луѓе не се ни свесни за тоа и затоа не преземаат мерки на претпазливост, дури и кога живеат во услови на топла клима.

Течност, течност, течност



Дехидрацијата е опасна затоа што во прв момент и не се препознава. Таа може да предизвика синкопа, тахикардија, ортостатска хипотензија, опстипација, летаргија, мачнина, когнитивни промени и конфузија, а сето тоа се припишува на други причини.

Цереалии, леб, тесто - треба да се внесуваат во соодветни количества и треба да бидат основа на исхраната на старите. Тоа е затоа што оваа група продукти обезбедува јаглерохидрати од групата полисахариди, како и диетни влакна - растворливи и нерастворливи, исто така се и значаен извор на протеини, освен оризот. Со исклучок на овесот, тие се слаб извор на масти и холестерол. Добар се извор на витамини од групата Б, на витаминот Е, како и на минерали, посебно железо, цинк, магнезиум и фосфор.

Според научните докази, значењето на внесувањето на оваа група продукти е важно во превенцијата од кардиоваскуларни заболувања, гоење, дијабетес, некои карциноми, опстипација и дивертикулоза на цревата, хипертензија и подигање на отпорноста на имунолошкиот систем.

Исхраната што изобилува со зеленчук и овошје е уште една препорака за оптимална исхрана на старите луѓе. Значењето на овие продукти е во тоа што се извор на витамини Ц, А, на фолна киселина и биоактивни супстанции со антиоксидантна улога, а исто така се и извор на диетни влакна. Епидемилошките податоци покажуваат дека лицата кои редовно конзумираат зеленчук и овошје имаат значително помал ризик за појава на коронарни болести на срцето, инфаркт, некои карциноми, се претпоставува и хипертензија, инсулин на независниот дијабет, катаракта и макуларни дегенерации на очите.

Храната како лек



Млекото и млечните производи треба редовно да се користат, но како јогурт со намален процент на масти, или збогатено посно млеко, или обрано сирење и сл. Посно месо, бело месо, како и разни видови риби кои што се богати со омега 3 масни киселини. Видливите масти треба да се користат во вид на билни масла, како прелив преку оброците.

Врвот на пирамидата опоменува дека внесувањето шеќери, соли и масти треба да се ограничи и да се сведе на разумна мера.

Дополнувањето на пирамидата на исхраната за старите е во присутното знаменце на самиот врв кое укажува на значењето на додатокот на калциум, витамин Д и витамин Б12, но само ако постојат индикации за тоа и ако вообичаениот внес на храна што ги содржи овие нутриенти е недоволен.

ПИРАМИДА НА ИСХРАНАТА НА СТАРИ ЛУЃЕ

  • Масти, масла, шеќери и колачиња, ретко да се користат
  • Суплементација со калциум, витамин Д и витамин Б12
  • Млеко, јогурт, млечни производи. Минимум 3х
  • Месо, пилешко, риба, мешункаст зеленчук,јајца, јаткасто овошје. Минимум 3х
  • Зеленчук: минимум 3 порции
  • Овошје: две и повеќе порции
  • Леб, збогатени житарки, ориз, тестенини. Шест и повеќе порции
  • Вода и течности. Минимум 8 чаши дневно



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби