5 совети за луѓето со низок крвен притисок

Доколку спаѓате во групата на луѓе кои ги мачи нискиот крвен притисок, пожелно е туширањето секогаш да го завршувате со ладна вода. Кои се другите совети кои ви ги препорачуваат експертите?



Користете поголема перница

Кога ќе легнете во кревет, ставете неколку перници под главата и тилот, за преминот од лежечка во стоечка положба да не биде премногу нагол. На тој начин ќе ја избегнете вртоглавицата.

Јадете помалку и почесто

Крвниот притисок е најнизок за време на првиот час после јадењето. Тој опаѓа затоа што на организмот му е потребна крв за да може дигестивниот систем да си ја изврши својата задача. Овој ефект ќе биде помал доколку внесувате помали оброци храна.



Туширањето завршувајте го со ладна вода

Наизменичното туширање со топла и ладна вода придонесува за зајакнување на крвните садови. Заради брзите промени на температурата, крвните садови брзо се собираат и се шират, па полесно се прилагодуваат на надворешните услови. Туширањето секогаш завршувајте го со ладна вода. Ефектот ќе биде уште поголем доколку со сува четка ја масирате кожата во насока на срцето.

Избегнувајте алкохол

Алкохолот има повеќе негативни дејства: поттикнува исфрлање на течности од организмот, ја попречува работата на центарот за рамнотежа во мозокот и ја забавува работата на срцето. Покрај тоа, негативно влијае на малите нервни завршетоци кои се одговорни за стеснување на крвните садови, заради што симптомите на пореметување на циркулацијата се влошуваат.



И соленото е дозволено

Кујнската сол ја врзува течноста во организмот, со што крвниот притисок благо се зголемува. Посолените оброци ќе придонесат да се чувствувате подобно, но никако не смеете солта да ја консумирате во прекумерни количини бидејќи истата носи штетни последици по здравјето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби