Автосугестија – моќта на самоубедувањето

Автосугестијата е чин со чија помош самите себе се убедуваме, односно на самите себе си наметнуваме некоја мисла. Емил Куе, познатиот француски психолог, е првиот кој го вовел овој термин во психотерапијата. Со оглед на тоа што овде главната улога ја играат волјата и вообразеноста, постојат и определени правила кои што се однесуваат на нивното функционирање:



- Кога волјата се наоѓа во судир со вообразеноста, секогаш победува вообразеноста и тоа без исклучок.

- Во судирот меѓу волјата и вообразеноста, силата на вообразеноста е пропорционална на квадратот на волјата.

- Кога волјата е во согласност во вообразеноста, тогаш тие не се собираат, туку се множат.

- Со вообразеноста може да се управува.

За овие правила, Куе истакнува дека изразите ''пропорционална на квадратот на волјата'' и ''се множат'' не треба да се сфатат во математичка смисла. Тој со тоа само сакал сликовито да ја претстави својата мисла.

Значи, автосугестијата е нешто кое што го носиме во себе од раѓањето и со кое се поигруваме цел живот. Таа може да ни помогне или да ни одмогне, во зависност од тоа дали умееме да се користиме со неа или не. Затоа, таа е најдобрата, но и најопасната работа на светот...

Принципот на оваа метода е едноставен и гласи:

- Во еден момент може да се мисли само на една работа.

- Секоја замисла, ако нашиот дух се бави единствено со неа, станува вистина и се стреми да се претвори во реалност.

Формулата на оваа метода, исто така, е едноставна и гласи: ''секој ден, во секој поглед мене ми е сè подобро и подобро''. Таа се изговара полугласно и сталожено, со затворени очи, наутро и навечер, во положба кога се мирува, дваесет пати.

На оние кои во ова веруваат и кои се придржуваат кон тоа - сè им успева. Затоа, верувајте во себе и во автосугестијата!

За да господари човек со себе доволно е за тоа да размислува и постојано да ја применува автосугестијата.

Човекот во себе има неограничена моќ: несвесното битие. Ако умее да се користи со него, тој може да влијае врз материјата. Вообразеноста може да се спореди со коњ без узда. Ако коњот ја влече колата во која се наоѓате, тој може да направи нешто непредвидено и да ве убие. Зауздајте го како што треба, водете го со сигурна рака и тој ќе оди каде што вие сакате. Така е и со вашата вообразеност.



Автосугестијата е наредба за вашата вообразеност и таа треба да се изврши. И вие тогаш ќе загосподарите со самиот себе!

И вие во себе имате неограничена моќ. Па, искористете ја својата голема предност - тоа што сте човек! Па, и по некоја од мислите и правилата на Емил Куе:

- Ние сме она што самите од себе ќе направиме, а не она што од нас го направила судбината. Затоа, не обвинувајте ја судбината, туку себеси!

Еве кои правила треба да ги почитувате за да господарите со себе си:

  • Одбегнувајте да се лутите, бидејќи со тоа ја трошите енергијата.
  • Бидете мирни, љубезни, пријателски расположени, сигурни во себе.
  • Бидете трпеливи и истрајни.
  • Бидете алтруист, зашто несебичниот човек без да бара го наоѓа она што егоистот никогаш не може да го најде и кога го бара. Колку што повеќе им правите добро на другите, толку повеќе си правите добро за себе.
  • Попуштете по потреба. Кога две личности живеат заедно, навидум меѓусебното попуштање секогаш е заслуга на една личност.
  • Контролирајте го својот карактер.
  • Научете да зборувате убаво, јасно, определено, мирно. Зборувајте малку, но разбирливо.
  • Никогаш не расправајте за работи кои не ги разбирате, инаку ќе зборувате само глупости.
  • Бидете оптимисти, дури и тогаш кога изгледа дека ситуацијата во тоа ви се противи.
  • Верувајте и во илузии. Илузија е и кога верувате дека повеќе нема илузија.
  • Секогаш поедноставувајте ги работите. Никогаш немојте да ги комплицирате.
  • Не дозволувајте да ви биде досадно. Потрудете се да имате многу идеи, па кога една ќе ве замори, занимавајте се со друга.
  • Знајте дека годините не не прават стари, туку нашето верување дека сме стари.
  • Не верувајте во наследените склоности. Тие постојат поради вообразеноста дека ќе се појават.
  • Не се плашете од болести. Стравот од болест ќе ја создаде болеста. Не губете време во испитување кој вид на болест би можеле да имате, зашто ако навистина ја немате, самите ќе ја создадете.
  • Борете се против злото. Не е важна неговата причина, туку последиците. Па, отстранете ги нив.
  • Секогаш велете си: ''јас сакам'', ''јас можам'', ''лесно е'', ''ќе стасам'', зашто секој кој тргнува од ваквите идеи во животот, навистина успева во се што сака. И стигнува.

  • За некоја личност да господари со себеси, доволно е да верува во тоа. Кога постои сомнеж, нема успех. Стравот од неуспех прави и она што е можно, најверојатно да не успее, како што мислата за успех води до него.
  • Верувајте во себе. Оној што се сомнева во себе, никогаш во ништо не успева.
  • Верувајте во автосугестијата. Сугестијата од другите никогаш не може да биде посилна од сопствената.
  • Автосугестијата е инструмент и треба да научиме да се служиме со него, како што тоа го правиме со секое друго орудие. И најдоброто орудие во невешти раце дава слаби резултати. Доколку тие исти раце станат вешти, со истото орудие ќе постигнат добри резултати.
  • Свесната автосугестија, применувана со доверба и длабока верба во себе, е посилна од било што друго, па дава и најдобри резултати.
  • Верувајте во она што го сакате, па ќе дојде и тоа.
  • Човек е она што мисли дека е. Затоа, секогаш за себе мислете најдобро и најубаво.

И, ќе загосподарите со самите себе ...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби