Домашна детокс вода - идеална за рамен стомак

Водата од продавниците со вкус и состојки кои ветуваат убава линија всушност е преполна со вештачки засладувачи кои на организмот му нанесуваат повеќе штета отколку корист.

Доколку сакате да се освежите пробајте го овој домашен витамински напиток кој е природен, а воедно ви го прочистува организмот, ги топи масните наслаги и го подобрува варењето на храната.



Состојки:

  • 2 литри вода
  • 1 мала лажичка рендан свеж ѓумбир
  • 1 краставица со средна големина
  • 1 лимон
  • 12 ливчиња нане

Подготовка:

Краставицата и лимонот исечете ги на кругчиња, а доколку се домашни и непрскани пожелно би било да им ја оставите и кората. Потоа ставете ги во стаклен сад и додадете ги останатите состојки, па сето тоа прелијте го со двата литри вода. Мешавината ставете ја во фрижидер и оставете ја да отстои најмалку 8 часа, со повремено промешување.

Состојките во домашната витаминска вода имаат особено полезно дејство на стомакот, бидејќи го смируваат дигестивниот систем, а со тоа го ослободуваат телото од насобирање на токсини.

Лимонот е најпознат по неговата богата содржина на витамин Ц, а покрај тоа тој ја поттикнува работата на органите одговорни за прочистување на организмот.

Краставицата содржи 90 проценти вода и придонесува за ослободување на состојки заслужни за детоксикација на телото.

Ѓумбирот помага при одржување на гликемискиот индекс, а воедно ги олеснува грчевите и помага против тегоби.

Нането го стимулира согорувањето на масните наслаги, помага во елиминација на токсините од телото, а исто така ги олеснува и болките во стомакот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби