Како паметно да се справите со летните горештини

Високите летни температури знаат да бидат неподносливи и да прават да се чувствуваме дека не можеме да дишеме, а не пак да работиме. Но, покрај класичните клима уреди, постојат уште неколку трикови кои можат да ни помогнат.



Вода

Пијте вода што почесто, бидејќи добро хидратизираното тело останува поладно. Дополнително ќе се освежите доколку во водата ставите малку нане или парчиња лимон. Во случај на екстремни горештини, можете во замрзнувачот да изладите крпа и да ја ставите на тилот, а зглобовите ставете ги под ладен млаз вода. На тој начин ќе ја намалите температурата на телото за наредните 60-тина минути. Исто така, не го заборавајте туширањето со ладна вода, кое е најефикасно во најтоплите мигови.

Облека

Колку што е возможно, носете облека од проѕирни материјали како памук, лен или свила. Во нив кожата послесно дише и помалку се потите. Исто така, важно е да ги избегнувате темните бои бидејќи истите повеќе ги привлекуваат сончевите зраци.

Колку чудно и да звучи, се препорачува да носите подолга облека бидејќи така ќе зачувате пониска телесна температура.

Спиење

Има ли нешто полошо од врелите летни ноќи кога не можеме да спиеме и само се превртуваме во креветот? Обидете се со свилени чаршафи. Можеби се скапи, но за ова време се најпријатни.



И исхраната е важна

Консумирајте лесна и ладна храна бидејќи таа подобро ќе ве разлади, за разлика од масните и тешки оброци. Летото е одлично бидејќи во тој период има изобилство од овошје и зеленчук, а чаша лимонада или чинија таратур ќе ви дојдат како одлично освежување.

Што пониско, тоа подобро

Доколку живеете во куќа, поминувајте го времето на приземјето, бидејќи таму температурата е пониска за разлика од погорните спратови.

Разладете го домот

Во текот на самото утро спуштете ги ролетните и повлечете ги завесите за да го спречите загревањето на просторијата. Во текот на ноќта, пак, кога температурата опаѓа, отворете ги прозорите ширум, за свежиот воздуг да проциркулира во просторијата.

Одмарајте

Одморот во најлошите часови, кога изложеноста на сончевите зраци е забранета, е најдобар начин да се разладите. Колку повеќе се движите, толку повеќе температурата на телото расте.

Исклучете ги уредите кои не ги користите

Дури и кога телевизорот е исклучен, тој ослободува минимална топлина доколку кабелот е вклучен во струја. Затоа, исклучете ги од штекер апаратите кои не ги користите.

Куќни обврски

Било каква работа во домаќинството, од чистење со правосмукалка до перење, создава дополнителна топлина во просторот, а ќе ве загрее и вас со оглед на тоа што сте активни. Доколку можете, оставете ја работата за рано наутро или за навечер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби