Учете од Јапонците за подолг и поздрав живот

Европејците можеби се придржуваат до тоа дека медитеранскиот начин на исхрана ќе им го продолжи животот, но научниците кои ја анализираат долговечноста тврдат дека Јапонците се оние кои имаат најдолг и најздрав живот. Просечниот животен век на оваа нација е 82.5 години, а ние ви ја споделуваме нивната тајна.

Заменете го десертот со овошје



Слабите Јапонци не јадат десерт по јадењето, туку најчесто пијат зелен чај и јадат овошје наместо благо. Десертот го јадат по кафето во попладневните часови, но порциите за благо им се многу мали. Тие во просек внесуваат 48гр шеќери дневно, додека Европејците внесуваат околу 100гр.

Алги во салатата

Научниците ја поврзуваат долговечноста и здравјето на Јапонците со исхрана во која нема многу масти, а има зеленчук и морски билки, како што се алгите. Алгите се моќни антиоксиданси кои помагаат во намалувањето на килограмите. Купете wakame алги, достапни во продавниците за здрава исхрана, потопете ги во вода на пет минути и додајте ги во салатата.

Престанете пред да се заситите

Јадете, но престанете кога сте веќе „полни“, на околу 80%. Доколку почекате, ќе видете дека не мора да изедете се до последниот залак. Оваа теорија се заснова на тоа дека на мозокот му е потребно некое време додека да го прими сигналот дека стомакот е полн, а научниците сметаат дека тој процес трае 20 минути, што значи дека најчесто се прејадуваме. Трикот е храната да ја служите во мали порции.

Јадете суши без соја сос

Сушите се добар извор на омега-3 масни киселини, кои се клучни за здравјето на мозокот и срцето. Јапонците јадат од 80 до 100гр риба секој ден. Јадете суши или масна риба барем еднаш неделно, но без додатен сос од соја.

Пешачете до работа



Луѓето во Јапонија пешачат и шетаат два до три пати дневно и поминуваат многу помалку време во автомобили од нас. Ако шетате барем два и пол часа неделно, ќе си го продолжите животот за седум години, тврдат научниците од Харвард. Вметнете ја прошетката во секојдневните рутини и размислите дали мора секој ден да се возите. Повеќето од нас може да одделат време за брзо одење во текот на денот.

Прифатете ги бактериите

Векови наназад, Јапонците јадат ферментирана храна, овошје и зеленчук. Бактериите во овој вид на овошје и зеленчук му овозможуваат на организмот полесно да ги апсорбира хранливите состојки и да го стимулираат растот на добрите бактерии во стомакот. Истражувањата покажаа дека добрите бактерии се во тесна врска со нашиот имунитет, а дури 80% од имуно клетките се сместени во стомакот.

Редовни контроли

Сите во Јапонија одат на годишни контроли, а на работодавците им се советува да не им дозволат на вработените да се здебелат. Многу паметна инвестиција би било доколку секоја година правите детални контроли на целото тело, за да имате поздрав и подолг живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби