Најопасен тренд: Во Холивуд се носи „тројна“ нула

Токму кога помислевме дека холивудските ѕвезди не можат да бидат послаби, тие нас не изненадија со својата упорност да станат живи скелети. Колку е опасен новиот тренд на слабеење најдобро ни покажуваат фотографиите кои следат.

- Во моментов ин во Холивуд е да се биде слаб, но во прашање не е бројот нула. Овие денови не е актуелна ниту „двојната“ нула, целта е да се достигне „тројната“ нула, пишуваат американските медиуми.

Иако од една страна имаме жени со раскошни облини како Ким Кардашијан и Бијонсе, на спротивната страна се наоѓаат многу славни слаби убавици, со исто така значајно влијание на јавноста, особено жените.

Во прв ред тука е Никол Ричи, која со години шокира со својот изглед, но и манекенките како Алекса Чанг и Мери Картерис, како и актерката Кејт Босфорт.

Тројната нула, како што се вика новиот тренд, одговара на величината на облека која ја носат девојчињата од шест до осум години. Во В. Британија и Европа не може да се пронајде облека за возрасни во таа големина, но поради тоа ширум САД има брендови кои нудат голем избор од таа гардероба.

Многумина предупредуваат дека познатите личности го следат овој тренд со цел да привлечат внимание, но забораваат дека со тоа поттикнуваат и многу жени да ги следат. На фотографиите слабите девојки и модели, поради одредени агли и пози, изгледаат уште послабо отколку во реалноста.

На друштвените мрежи и магазините можеме да видиме многу тела без никаков вишок на килограми, но не се гледа глад, бол и огромен напор кој мора да се вложи со цел тие жени да изгледаат преслабо. Покрај тоа постојат многу апликации за смарт телефоните кои ги нудат овие мрежи и кои тврдат дека слабите жени можат да ги направат уште послаби.

Загрижувачки е податокот дека сè повеќе млади девојки го следат овој тренд со што и тоа како си го загрозуваат здравјето. Нејадењето и опседнатоста со изгледот водат до анорексија и слични болести кои се штетни по животот. Овој тренд е само доказ дека треба некои работи да се променат и да се форсираат жени со природен изглед, а не изгладнети девојки кои се облекуваат во облека за мали деца. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби