Што кога потта ни мириса непријатно?

Колку се повисоки температурите, толку поголем проблем ни претставува потењето. Кај некои луѓе оваа појава е толку лоша што за непријатната миризба не може да им помогне ни дезодоранс.



Еве што треба да знаете за контролирање на потењето:

Постојат два вида потни жлезди

Тоа се екрини и апокрини жлезди. Екрините жлезди се наоѓаат насекаде низ телото и произведуваат водеста пот со цел да ја одржуваат температура на телото и да го разладуваат. Апокрините жлезди се наоѓаат таму каде се наоѓаат фоликулите на влакната (на главата, под пазувите, на препоните) и потта која тие ја произведуваат е слична на восок и е масна заради липидите кои се лачат.

Влакната може да ја влошат непријатната миризба

Самата пот која се лачи од апокрините жлезди не е одговорна за смрдеата. Имено, непријатната миризба е предизвикана од бактерии кои привлекуваат ваков вид на пот. Колку повеќе влакна имате, толку поголема површина имаат бактериите на која можат да живеат, а тоа ја прави непријатната миризба силна.



Стикот и антиперспирантот се прилично силни

Од непосакуваната непријатна миризба најдобро ќе се одбраните доколку користите антиперспирант во вид на стик. Антиперспирантот делумно влијае на потните жлезди да не произведуваат пот, додека дезодорансот ја маскира природната смрдеа дури и доколку веќе сте се испотиле.

Медицинските третмани се алтернатива

Во екстремни случаи, кога козметичките производи не помагаат, некои луѓе можат од дерматологот да побараат инјекции со ботокс. Оваа процедура е одобрена од Администрацијата за храна и лекови во САД и има за цел да го спречи потењето, но ќе ви треба повторување на терапијата на секои три-четири месеци.

Храната која ја консумирате влијае на миризбата на вашата пот

Лукот, кромидот и кари зачинот се класични предизвикувачи на непријатната миризба.



Претерано миење може да ја влоши ситуацијата

Антибактериските сапуни и купки се добри за отстранување на смрдеата, но не треба да претерувате со нив. Некои луѓе дури и се тријат со алкохол на проблематичните подрачја, но тоа може да доведе до сушење на кожата, заради што телото произведува уште повеќе пот.

Стресот влијае на лачењето на пот

Научно е докажано дека луѓето под стрес повеќе се потат. Затоа не е ни чудо тоа што се потите повеќе од вообичаено кога ви претстојува важен состанок или испит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби